/ Прочитано:

989

МВР: Запленети 10 килограми хероин на Богородица

Среда, 28 ноември 2012 – По големата полициска акција „Заседа“ во која беа запленети 513 килограми марихуана, полицијата заплени ново количество дрога. Овојпат 10 килограми хероин биле пронајдени во возило мерцедес на граничниот премин Богородица. Возилото го управувал српски државјанин, според првичните информации дрогата ја донел од Турција. 

Осомничениот српски државјанин со своето возило Мерцедес А класа, преку Грција се обидел да влезе во Македонија. Според полицијата, хероинот го донел од Турција, но се уште не е познато за кој пазар бил наменет. За два дена ова е втора полициска акција во која се пресечени меѓународни канали за криумчарење наркотици. Изминативе денови, МВР во соработка со Царина спроведе акција под оперативното име „Заседа“ на граничниот премин Ќафасан во која беа запленети над 500 килограми марихуана наменети за западноевропските земји.