/ Прочитано:

1.124

МЗМП: Повик за адвокати за учество на обука за бесплатна правна помош во случаи на задржување странци од имиграциски причини

Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамките на проектот на УСАИД за заштита на бегалците и мигрантите, ги поканува заинтересираните адвокати да изразат интерес за учество на обуката на тема „Бесплатна правна помош во случаи на задржување на странци од имиграциски причини“.

На обуката ќе се разгледа и дискутира задржувањето на странци од имиграциски причини во рамките на националното законодавство и меѓународните стандарди, како и потребата за застапување на национално ниво и пред Европскиот суд за човекови права. Учесниците ќе бидат во можност да ги зголемат знаењата и вештините за обезбедување на соодветна правна помош и застапување на мигранти и бегалци кои се задржувани Македонија поради имиграциски причини. Обуката ќе ја водат Ивана Роања, адвокатка во Италија, со повеќегодишно искуство во правото од областа на азилот и миграциите и еден домашен експерт. Детали за обуката на следниот линк.