/ Прочитано:

1.137

МЗМП со активности за подобрување на вештините на адвокатите за правна помош на мигранти и бегалци

 Македонското здружение на млади правници (МЗМП), во рамките на проектот на УСАИД за заштита на бегалците и мигрантите, ги поканува заинтересираните адвокати да земат учество на обуката на тема „Бесплатна правна помош во случаи на задржување на странци од имиграциски причини“.

На обуката ќе се разгледа и ќе се дискутира задржувањето на странци од имиграциски причини во рамки на националното законодавство и меѓународните стандарди, како и потребата за застапување на национално ниво и пред Европскиот суд за човекови права. Учесниците ќе бидат во можност да ги зголемат знаењата и вештините за обезбедување на соодветна правна помош и застапување на мигранти и бегалци кои се задржувани во Македонија поради имиграциски причини. Обуката ќе ја водат Ивана Роања, адвокатка во Италија, со повеќегодишно искуство во правото од областа на азилот и миграциите, и еден домашен експерт.

Деталите за обуката на следниот линк.