/ Прочитано:

2.284

МЗМП воспоставува оддел за постојана поддршка за млади правници при барање работа или пракса

Македонското здружение на млади правници, во рамките на проектот „Зајакнување на професионализмот, компетентноста и интегритетот на младите правници во Република Македонија”, поддржан од Амбасадата на Кралството Холандија, воспостави оддел за помош за млади правници со цел обезбедување постојана поддршка при барање работа или пракса, вклучувајќи помош при подготовка на кратка биографија, мотивационо писмо, и подготовка за интервју за работа.

„Покрај тоа, како дел од оваа канцеларија за советување ќе се креира база на податоци, која ќе содржи информации за отворени работни позиции и повици за практикантство/волонтерство за млади правници, а информациите ќе се споделуваат периодично на веб-страницата и на фејсбук-страницата на Македонското здружение на млади правници. Целта е да се поврзат младите правници кои бараат работа со правни фирми, компании, канцеларии и организации.

За сите прашања и информации можете да се обратите на телефонскиот број 02/3220-870, на е-адресата skjoseva@myla.org.mk, или преку порака на фејсбук-страницата на МЗМП“, информираат од Здружението.

М.В