/ Прочитано:

1.713

МЗШВ: Се очекува да се најде решение за трговскиот спор со Хрватска

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство соопшти дека хрватскиот министер за земјоделство, Томислав Толушиќ, денеска во телефонски разговор со својот македонски колега Љупчо Николовски, покажал интерес за изнаоѓање решение за настанатиот проблем по воведувањето на Правилникот за контрола при увоз на свежо овошје и зеленчук.

Министерот за земјоделство на Хрватска, Томислав Толушиќ, денеска во телефонски разговор со македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски покажал интерес за изнаоѓање решение за настанатиот проблем по воведувањето на Правилникот за контрола при увоз на свежо овошје и зеленчук, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ).

Според МЗШВ, по вчерашниот заеднички заклучок на министрите во Сараево, Хрватска итно да ги укине одредбите од Правилникот, Николовски е во постојан контакт со своите колеги од БиХ, Србија и од Црна Гора – Мирко Шаровиќ, Расим Љајиќ и Драгица Секулиќ.

Хрватска на 15 јули годинава донесе нов Правилник за инспекциски надзор и контрола за усогласеност на овошјето и зеленчукот со кој трошоците за контрола на квалитет на овошјето и зеленчукот за трети земји се зголемуваат од досегашните 90 куни (12 евра) по производ, на 2.000 куни (274 евра).

Ваквото еднократното зголемување на давачките при увоз на овошје и зеленчук за 20 пати ќе направи проблем не само кај нас, туку и во регионот, оценија надлежните институции и веднаш реагираа.

Македонија испрати нота до Хрватска за стопирање на Правилникот, по што следуваше и заедничката средба на министрите од регионот во Сараево. Министерот Николовски потенцира дека Македонија сака да го заштити домашното производство преку заемно почитување на потпишаните меѓународни договори.

А. Б.