На 13 март Академик организира обука за придонесите за хонорарите и за новините за забраната и спречувањето на вршење нерегистрирана дејност
Петок, 6 март 2015 – На 13 март Академик ќе одржи обука за повеќе актуелни теми во врска со законските измени што се однесуваат на придонесите за хонорарите и новините за забраната и спречувањето на вршење нерегистрирана дејност. Популарно наречената тема „Придонеси за хонорарите“ отвори многу прашања и дилеми во јавноста. Потребата за разјаснување на бројни прашања од оваа област е неминовна и беше мотив плус Академик, во присуство на предавачи кои непосредно се запознаени со проблематиката, да организира обука на која ќе бидат предочени вистинските одговори за сите актуелни прашања за придонесите за хонорари и за новините за забраната и спречувањето на вршење нерегистрирана дејност.
На обуката посветена на придонесите за хонорарите ќе се направи целосен законодавен преглед на новините за придонесите за хонорарите, и тоа на: Законот за работните односи, Закон за вработување и осигурување во случај на невработеност, Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, Законот за пензиското и инвалидското осигурување, Законот за здравствено осигурување.
На обуката ќе се направи и конкретен осврт на автентичното толкување на Законот за придонеси од задолжително социјално осигурување, но ќе се даде и практично објаснување на постапката за пријавување и плаќање придонеси.
Во таа насока, ќе се елаборира настанувањето на обврската за плаќање придонеси за пензиско, инвалидско и за здравствено осигурување и за тоа кои лица се обврзници за плаќање и за поднесување на пресметка за придонесите.
Подзаконските акти, како што се Правилникот за формата и содржината на месечниот извештај и Методологијата за начинот на пресметка и уплата на приходи за извршување на интелектуална работа или физичка работа врз основа на договор со кој е определен надоместок за извршената работа, ќе бидат предмет на обуката.
Ќе се анализираат и видовите договори кои подлежат на регулативата за плаќање придонеси, како и правото на осигурување на лицата кои не примаат средства во континуитет и осигурување на странци.
Покрај новините во овој дел, на обуката ќе се разгледаат и ќе се дискутира за новините од Законот за забрана и спречување на вршење нерегистрирана дејност, преку осврт кон законското решение и неговата примена.
На обуката предавачи ќе бидат Ирена Ристеска, раководител на Секторот за пензиско и инвалидско осигурување при Министерство за труд и социјална политика, Ивона Пауновска, стручен соработник во Одделението за контрола на податоците од придонеси за ПИО во Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија, Елеонора Јовановиќ, советник во Секторот за труд и Миле Стојановски, државен советник во Министерството за труд и социјална политика.
Покрај излагањето на предавачите, вообичаено за обуките на Академик, предвидено е и доволно време за прашања, дискусија и презентација на практични примери.
Пријавете се најдоцна до 11.03.2015 на е-пошта: practicum@akademik.com.mk или на тел. број: 02/32 32 821