На 17 јуни во организација на АКАДЕМИК — работилница за јавни набавки наменета за договорни органи и економски оператори
Петок, 5 јуни 2015 – На 17 јуни (среда) со почеток во 10.00 часот во конференцискиот центар на хотелот „Квинс“ во Трговскиот центар „Зебра“ во организација на Академик ќе се одржи работилница за јавни набавки наменета за договорни органи и економски оператори.
На работилницата ќе бидат образложени најновите измени на Законот за јавни набавки, со размена на искуства и со практични примери за правилно спроведување на постапките за доделување договори за јавни набавки.
Подробно ќе се објаснат и ќе се дебатираат следните значајни прашања:
- имплементација на најновите измени на Законот за јавни набавки со практични примери во сите фази од постапката за доделување договори за јавни набавки;
- имплементација на најновите измени на Законот за јавни набавки со практични примери во Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН);
- клучни чекори во целосна реализација на една постапка за доделување договор за јавни набавки – од донесување одлука/решение за започнување до склучување договор по реализирана постапка, со размена на искуства и со практични примери;
- Државна комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН) – искуства, практични примери и упатства при постапување по жалби (документираност на постапката, образложенија во жалби и одговори по добиена жалба, рокови за постапување) со права и обврски на договорните органи и економските оператори во жалбените постапки.
Свои излагања во однос на предметната тематика ќе имаат реномираните експерти:
Маја Малахова, м-р правни науки – претседател на Државна комисија за жалби по јавни набавки, со долгогодишно искуство во областа на јавните набавки, особено во делот на правната заштита и одлучувањето по жалби во Комисијата за жалби по јавни набавки при Владата на Република Македонија и во Државната комисија за жалби по јавни набавки, како и со претходно искуство како судија и адвокат.
Татјана Пешевска, дипл. економист – раководител на внатрешна ревизија при АД МЕПСО Скопје, овластен државен ревизор, сертифициран обучувач за јавните набавки, со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за ЈН.
Ирена Стоименова, дипл. економист – советник за комерцијални работи во АД ЕЛЕМ, сертифициран обучувач за јавните набавки, со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за ЈН во Министерство за финансии, Град Скопје и АД ЕЛЕМ, со искуство во имплементирање на законите од други области (Закон за градење, Закон за минерални суровини и др.) во склад со ЗЈН.
Пријавете се најдоцна до 15.6.2015 на телефонските броеви: 02/3221-821, 02/3237-465 или на е-пошта: practicum@akademik.com.mk.