На 26 јуни – Еднодневна АКАДЕМИК ОБУКА (работилница) за ЈАВНИ НАБАВКИ НАМЕНЕТА ЗА ДОГОВОРНИ СТРАНИ!
Петок, 13 јуни 2014 – На ден 26 јуни 2014 година – четврток во Конференцискиот центар на Qeen Hotel во трговскиот центар Зебра со почеток во 10 часот ќе се одржи еднодневна АКАДЕМИК ОБУКА (РАБОТИЛНИЦА) за јавни набавки наменета за договорни органи, а во врска со имплементацијата и практичната примена на одредбите од Законот за јавни набавки бр. 148/2013; 28/2014 и 43/2014.
Веќе во својот препознатлив начин на артикулација на темите и процесите кои се од витално значење за примената на прописите кои се современ правен тренд, овојпат на АКАДЕМИК ОБУКАТА ќе се разгледаат и дебатираат следните значајни прашања поврзани со јавните набавки, и тоа:
- Совет за јавни набавки – состав и функција, законски обврски на договорните органи во однос на Советот за јавни набавки
- Имплементација и практична примена на измените во Законот за јавни набавки во постапките за доделување на јавни набавки: започнување на постапката, технички дијалог, тендерска документација, објава, Електронски систем за јавни набавки
- Имплементација и практична примена на измените во Законот за јавни набавки во постапките за доделување на јавни набавки: Евалуација, Електронски систем за јавни набавки и избор/поништување на постапката, дополнителни работи со постапка со преговарање без повторно објавување на оглас.
- Постапување по жалби, Државна комисија по жалби за јавни набавки, казнени одредби.
Својствено за АКАДЕМИК ОБУКИТЕ, на најавената Обука и Работилница во врска со јавните набавки наменета за догворните страни, свое излагање ќе имаат врвни експерти и обучувачи од конкретната област.
Имаме задоволство да Ви ги претставиме и најавиме:
Маја Малахова, м-р по правни науки, Претседател на државната Комисија за јавни набавки, со долгогодишно искуство во областа на јавните набавки, особено во делот на правната заштита и одлучувањето по жалби во Комисијата за жалби по јавни набавки при Владата на Република Македонија, како и претходно искуство како судија и адвокат.
Татјана Пешевска, дипл. екк. – Раководител на внатрешна ревизија при АД МЕПСО Скопје, овластен државен ревизор, Сертифициран обучувач за јавните набавки со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки.
Ирена Стоименова, дипл. екк. – Советник за комерцијални работи во АД Елем, Сертифициран обучувач за јавните набавки со долгогодишно практично искуство во спроведувањето на постапките за доделување на договори за јавни набавки за ЈН во Министерство за финансии, Град Скопје и АД ЕЛЕМ, искуство во имплементирање на Законите од други области ( Закон за градење, Закон за минерални суровини и др.) во склад со Законот за јавни набавки.
Почитувани пријатели и соработници,
ПРИЈАВЕТЕ СЕ најдоцна до 23 јуни 2014 на practicum@akademik.com. mk или на тел. број 02/32 32 821
Цената на обуката е 4.200 денари + 18% ДДВ
Бројот е ограничен на 30 учесници по обука
Цената е за еден учесник за еден ден
За корисниците на www.akademika.com.mk следува 10% попуст!