НА 27 ОВОЈ МЕСЕЦ АКАДЕМИК ОРГАНИЗИРА ОБУКА ЗА УШТЕ ЕДНА МНОГУ АКТУЕЛНА ТЕМА: Новиот Закон за градежно земјиште

Петок, 20 февруари, 2015 – На 27.2.2015 со почеток во 10.00 часот во конференцискиот центар на хотелот „Квинс“ – Трговски центар „Зебра“, Академик ќе одржи обука за новиот Закон за градежно земјиште.

Со новиот Закон за градежно земјиште се уредуваат правата и обврските во поглед на градежното земјиште, уредувањето на градежното земјиште, условите и начинот на располагање со градежното земјиште, како и други прашања од областа на градежното земјиште. Содржината на законските новини и нивната практична примена отвораат многу прашања што треба да се елаборираат, да се објаснат и за кои треба интерактивно да се дискутира.

Оттука, својствено за обуките на Академик, за сите овие актуелни прашања на Обуката ќе предаваат токму најдобрите познавачи на проблематиката. На оваа обука предавачи ќе бидат претставници од Министерството за транспорт и врски кои на најдоследен начин можат да одговорат на прашањата за практичната примена на Законот и за институционалните аспекти на тематиката низ практиката. Предавачи на Обуката ќе бидат:

Димитар Димовски, раководител на Секторот за документирање и управување со градежно земјиште при Министерството за транспорт и врски, кој ќе предава за општите начела на Законот за градежно земјиште.

Стојче Донев, раководител на Секторот за вршење надзор при Министерството за транспорт и врски, кој ќе предава за надзорот над спроведувањето на постапките.

Дејан Митески, раководител на Оддел за јавно наддавање при Министерството за транспорт и врски, кој ќе предава за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште по пат на јавно наддавање.

Анета Јорданова, раководител на Одделение за непосредна спогодба при Министерството за транспорт и врски, која ќе предава за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште со непосредна спогодба.

Вообичаено за обуките на АКАДЕМИК, предвидено е и доволно време за прашања, дискусија и практични примери.

Пријавете се најдоцна до 25.2.2015  на е-пошта: practicum@akademik.com.mk или на тел. број: 02/32 32 821