На 29 јануари АКАДЕМИК ОБУКА за најзначајните теми поврзани со Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници!

Четврток, 15 јануари 2015 – На 29 јануари 2015 (четврток) во салата за конференции на хотелот „Квинс“ во трговскиот центар „Зебра“ со почеток во 10.00 часот ќе се одржи еднодневна АКАДЕМИК ОБУКА за моментно најактуелните теми поврзани со Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници.

Актуелноста на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници  произлегува од многуте новини што ги пропишуваат овие закони. Подготовката за нивната примена ја наметнува потребата од одржување практична обука на која ќе бидат разјаснети многу дилеми и тешкотии преку практични примери, прашања и одговори, стручна и компетентна елаборација.

Донесувањето на неколкуте подзаконски акти беше дополнителен мотив за тимот на АКАДЕМИК да ја организира практичната обука, верувајќи дека токму со помош на разгледувањето  на подзаконските акти, како и на законите, ќе може да им се понуди на учесниците на обуката попрактичен пристап во подготовката за примената на Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници.

На обуката ќе се разгледаат и ќе се дебатира за следните значајни прашања:

  • новините во Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за административните службеници;
  • вработувањето и подготовката  на актите за организација и систематизација на работните места за вработените во јавниот сектор и административните службеници;
  • управувањето со ефектите на административните службеници;
  • дисциплинската и материјалната одговорност на вработените во јавниот сектор и административните службеници.

Реномираните предавачи од Државниот управен инспекторат и од Агенцијата за администрација несебично ќе им ги пренесат своите искуства, знаења и идеи на учесниците на обуката. Имено, свои излагања во однос на оваа тематика ќе имаат: Југослав Ѓорѓиевски, управен инспектор во Државниот управен инспекторат и Билјана Николовска Жагар, советник за правни работи во Агенцијата за администрација.

Ве покануваме да бидете дел од оваа обука што ќе ви овозможи да се стекнете со нови информации, едукација, обука, вештини и професионални контакти. Вообичаено за АКАДЕМИК ОБУКИТЕ предвидено е и доволно време за прашања, дискусија и практични примери. ПРИЈАВЕТЕ СЕ најдоцна до 27.1.2015  на email: practicum@akademik.com.mk или на тел. број:02/32 32 821! – Цената на обуката е 4.200 денари + 18% ДДВ! – Бројот на учесници е ограничен! – Бесплатни материјали и сертификат! За корисниците на www.akademika.com.mk следува 10% попуст!