На 30 април Академик ќе одржи обука на тема „Управување со ефектот на административните службеници“

Петок, 17 април 2015 –  На 30 април 2015 со почеток во 10.00 часот во конференцискиот центар на хотелот „Квинс“ – Трговски центар „Зебра“, Академик ќе одржи обука на тема „Управување со ефектот на државните службеници“

На обуката ќе бидат елаборирани прашањата за воспоставувањето на систем за управување со ефектот преку утврдување на работни цели и индивидуален план за стручно усовршување и за спроведувањето на постапката за оценување, со посебен акцент на полугодишното интервју.

Понатаму, ќе бидат елаборирани и прашањата за оформување на оценката на административниот службеник и реализацијата на мерки за одличен и слаб учинок.

Во финалниот дел на обуката ќе се дискутираат и ќе се презентираат примерите за пополнување на обрасците во постапката за оценување на административните службеници.

Предавач на обуката ќе биде Билјана Николовска – Жагар, советник за правни работи во Агенцијата за администрација.

Покрај излагањето на предавачот, вообичаено за обуките на Академик, предвидено е и доволно време за прашања, дискусија и презентација на практични примери.

Пријавете се најдоцна до 28.4.2015  на е-пошта: practicum@akademik.com.mk или на тел. број: 02/32 32 821