/ Прочитано:

2.788

На 30 ноември стапува во примена новиот Закон за инспекциски надзор

На 30 ноември стапува во примена новиот Закон за инспекциски надзор. Со Законот за инспекциски надзор се уредуваат основните начела на инспекцискиот надзор, статусот, надлежностите и работењето на Инспекцискиот совет, организацијата и раководењето со инспекциските служби, следењето, контролата и координацијата на работата на инспекциските служби, статусот и вработувањето на инспектор, лиценцата за инспектор, правата и обврските на инспектор (системот на надоместоци на плати на инспекторите, системот за стручно усовршување и обука на инспекторите), учинокот на инспектор, права и обврски на субјектите на инспекциски надзор при вршење на инспекциски надзор, постапката на вршење инспекциски надзор, посебните дејствија во инспекциската постапка, односите на инспекциските служби и надлежните органи, како и спроведувањето на законот.

Начела на инспекцискиот надзор се начелата на законитост, заштита на јавниот интерес, еднаквост, непристрасност и објективност, одговорност, материјална вистина, сослушување на субјектите на инспекцискиот надзор, самостојност, јавност, пропорционалност, превенција и супсидијарност.

Превентивната улога на инспекцискиот надзор е една од главните новини во Законот. Имено, пред да им биде изречена казна на компаниите за неправилноста констатирана со надзорот, тие ќе добијат опомена од инспекторот и рок да ја отстранат неправилноста. Дополнително, преку примена на начелото на пропорционалност инспекторот е должен да презема инспекциски мерки кои се неопходни за отстранување на неправилностите и кои истовремено ќе бидат и најповолни за субјектот на надзорот.

За новиот Закон за инспекциски надзор Академик ќе одржи обука на 5 ноември, со што учесниците на обуката навремено ќе стекнат конкретни знаења за тоа на што треба да внимаваат при спроведување инспекција, на пример: на кои начини можат да постапат доколку имаат забелешка на записникот изготвен од инспекторот, доколку им се одземени предмети при спроведувањето на инспекцијата, доколку им е издадено барање за прекин со работењето итн. Воедно, учесниците на обуката ќе бидат запознаени и со правата и обврските и на инспекторите за да можат да ги препознаат случаите на нивно преминување и непочитување. Повеќе детали за обуката на следниот линк.

Прописи чиишто одредби стапуваат во примена или престануваат да важат во месец ноември 2019 година

М.В