На 9 април започнуваат практичните обуки за студенти во организација на Академик
Академик повторно организира практични обуки за студентите по право со цел да им овозможи надградување на академското знаење.
До почетокот на студентските обуки преостануваат уште неколку дена. Местата на обуките се ограничени. Со оглед на големиот интерес, препорачливо е побрзо да го пријавите вашето учество на е-пошта stojkovska@htca.mk.
Обуките по кривично право започнуваат на 9 април.
Обуките по граѓанско право започнуваат на 11 април.
За дополнителни информации ви стоиме на располагање на stojkovska@htca.mk или на тел. 02/3122-308.
Академик организира практични обуки за студенти, со фокус на кривичното и граѓанското право