/ Прочитано:

1.014

На јавна расправа презентирани законските измени за административните службеници и за вработените во јавниот сектор

Министерството за информатичко општество и администрација организираше втора јавна расправа за измените на Законот за вработените во јавниот сектор и на Законот за административни службеници. На денешната јавна расправа беа презентирани моменталната состојба, предизвиците при имплементација на овие два закони, како и предлози за аспектите во коишто можат да се подобрат.

Како што истакна министерот Манчевски, со измената на двата закони, заедно со другите реформи во јавната администрација, целта е да се промени климата за работата на јавната администрација, законите да одговараат на реалната состојба и да резултираат со регрутација на квалитетен административен кадар.

„Основните цели на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за вработените во јавниот сектор се подобрување на ефикасноста и ефективноста во управувањето со човечките ресурси, проширување на работните места во јавниот сектор, дефинирање на постапките за вработување, унапредување, дисциплинска одговорност и управување со ефект, ревизија на опфатот на законот, нов концепт за донесување на годишниот план за вработување, односно секторски и индивидуални планови за вработување, дорегулирање на постапките на мобилност и разграничување на надзорот над одредбите од овој закон“, информираше министерот Манчевски.

Зборувајќи за придобивките од измените во Законот за административни службеници, тој се осврна на унапредувањето на моделот на вработување и управување со учинокот темелени врз компетенции, воведување на пробната работа, поедноставување на постапката за утврдување на дисциплинска одговорност, дополнително мотивирање на вработените кои работат на реформските приоритети и унапредување на работата и стручните капацитети на администрацијата.

Конкретните измени во двата закони ги презентираше Билјана Николовска-Жагар, државен советник за јавна администрација во МИОА.

„Она што е суштинска измена, а што беше предмет на критика е доразработка на условите за вработување. Ние имавме вработувања на определено време, но ги немавме утврдено сите оние правила или основи кои се појавија во пракса, како на пример распоредување по барање на вработениот, кое често може да се случи поради здравствени причини, или вработениот е пред крај на работниот век, па не може да се носи со предизвиците на конкретното работно место. Ја исклучивме можноста за злоупотреба на вработувања кои се привремени и на определено време од страна на агенции за вработување, и особено ја одбегнавме можноста на определено време да бидат ангажирани лица кои одлучуваат во управна постапка за барања за остварување на некои свои права“, потенцираше Николовска-Жагар.

На јавната расправа се обрати и директорот на Агенцијата за администрација, Спасе Глигоров, кој зборуваше за измените кои ќе се рефлектираат врз работата на Агенцијата.

Тој се осврна на Академијата за обука и развој на администрација, која ќе биде орган во состав на МИОА. Глигоров рече дека Академијата е неопходен орган, кој досега бил решен како сектор во МИОА, но тоа решение не се покажало како најсоодветно. Очекувањата се Академијата да нуди стручно усовршување на повисоко ниво на административни службеници.

„Квантитативна, меѓутоа и квалитативна промена, односно предлог за измени и дополнувања имаме во делот на постапката за вработување на административни службеници. Тука би споменал три сегменти: испит за административен службеник, Комисијата за спроведување на постапките за вработување и условите за вработување. Кај условите за вработување би споменал дека како услови ги тргаме лекарското уверение, уверението за државјанство и потврдата за познавање компјутерски програми за канцелариско работење. Лекарското го тргаме од причина што ги изедначуваме правата на кандидатите за вработување воопшто, како што е регулирано со Законот за работните односи. Уверението за државјанство нема потреба да се прикачува бидејќи сега со процесот на дигитализација институцијата ќе си го влече сама од системот“, рече Глигоров.

Големиот број присутни на дискусијата со примери од практичната примена, но и со препораки според направени истражувања придонесоа кон дискусијата, од што понатаму ќе се финализираат законските измени.

Јавна дискусија за законските измени за административните службеници и за вработените во јавниот сектор

Советот за реформа во јавната администрација: Активностите за реформи се континуирани

Дилеми за трансферот од јавна администрација во приватниот сектор

ИЗМЕНИ НА ЗОУП: Висок процент на јавни органи кои поради недостиг на правници не определуваат овластени лица

Конференција за реформите на јавната администрација по јунскиот Европски совет

Во подготовка измени на законите за административните службеници и за вработените во јавниот сектор

Заклучоци во врска со Извештајот за Стратегијата за реформа на јавната администрација

Презентиран Годишниот извештај за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација 2018 – 2022

Презентација на Извештајот за Стратегијата за реформа на јавната администрација

Граѓаните се жалат на долгото траење на процедурите во администрацијата

Измените на Законот за вработените во јавниот сектор пред Законодавно-правната комисија

Консултативен процес на МИОА за измените на законите за вработените во јавниот сектор и за административните службеници

Јавна расправа за измените на законите за вработените во јавниот сектор и за административните службеници

Годишен извештај и препораки на Агенцијата за администрација

Јавна расправа за Законот за висока раководна служба

М.В