/ Прочитано:

1.395

На „Јустинијан Први“ се одржа Ораторската вечер „Иво Пухан“

Правниот факултет “Јустинијан Први” и катедрата по римско право годинава ја продолжија традицијата на Ораторската вечер “Иво Пухан”, која се одржа по дваесет и четврти пат. Учество пријавија 14 говорници.
На полуфиналната вечер, која се одржа на 1.12.2021 година беа избрани осуммина финалисти. Финалето се одржа во живо, на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје на 9.12.2021 година, со почитување на предвидените протоколи.
Беа доделени 4 награди и тоа:
1. Прва награда за студентката на мастер студии на Правниот факултет Моника Пеичева на темата насловена „Жена во панталони“;
2. Втора награда за студентот на Факултетот за физичка култура, спорт и здравје при УКИМ – Марио Јанески кој зборуваше “За европЦките стандарди”;
3. Трета награда за Данило Крстовски, студент на политички студии при Правниот факултет кој настапи со својот говор насловен како “Sic semper tyrannis”;
4. Награда за најдобар сценски настап „Бранко Ѓорчев“ ѝ беше доделена на Марија Додовска, студентка на правните студии на Правниот факултет и нејзиниот говор „Во името на законот“.
May be an image of 1 person, standing and indoor
May be an image of 1 person and standing
May be an image of 1 person and standing
No photo description available.
May be an image of 1 person, standing, indoor and text that says 'Ss.CyrilandMethodius Ss. Cyril and Methodius University UniversityinSkopje in Skopje Kлy6 HA FOR 51 npиA 6и roe 70 YEARS FACULTY OF METHODIUS UNIVERSITY OFLAW LAW ND IN 51 STdOxS MUS S SNI S'
May be an image of 1 person, standing and indoor
М.В