/ Прочитано:

1.408

На почетокот на септември почнува процесот на враќање на бегалци и мигранти од ЕУ во Грција

Некои од земјите членки на Европската Унија имаат намера, веќе на почетокот на септември ќе почнат да враќаат дел од барателите на азил кои влегле преку Грција, без разлика што земјата ја преживува најтешката економска криза во својата понова историја и без оглед на критиките на организациите за заштита на човековите права. Според последните податоци што ги објавуваат официјален Берлин и грчката Влада, Германија веќе поднела 400 барања за враќање на бегалците и мигрантите, а по исто толку барања поднеле и владите на Велика Британија, Франција, Холандија и Норвешка.

И покрај тоа што Грција веќе подолго време се соочува со сериозни проблеми со големиот прилив на бегалци и мигранти кои бегаат од воените жаришта во Сирија и африканските земји, дел од земјите членки на Европската Унија се на самиот старт на процесот на враќање на барателите на азил повторно во Грција, односно првата земја на ЕУ во која пристигнуваат бегалците и мигрантите.

Британскиот весник „Гардијан“ денеска пишува дека некои од земјите членки на Европската Унија имаат намера да вратат дел од барателите на азил кои влегле преку Грција, без разлика што земјата ја преживува најтешката економска криза во својата понова историја и без оглед на критиките на организациите за заштита на човековите права.

Според последните податоци што ги објавуваат официјален Берлин и грчката Влада, Германија веќе поднела 400 барања за враќање на бегалците и мигрантите, а по исто толку барања поднеле и владите на Велика Британија, Франција, Холандија и Норвешка.

Јоанис Музалес, министерот за миграциска политика на Грција, истакнува дека враќањето на првите бегалци се очекува веќе следната недела, односно на почетокот на месец септември.

„Ќе почнеме со симболичен број луѓе, во знак на пријателство кон другите земји од Европската Унија. Грција веќе прифати толку многу бегалци и е подложена на таков притисок, што доколку прифати повеќе, би било апсурдно и смешно, ако не беше трагично“, потенцира Музалес за британски „Гардијан“.

Во меѓувреме, како што се наведува во весникот, на помалку од еден месец од парламентарните избори во Германија, Владата на канцеларката Ангела Меркел трпи критики дека го одолговлекува сместувањето на семејствата на барателите на азил во Германија.

„Протестите на Сиријци, кои бараат сместување, се засилија во моментот кога сместувањето на цели семејства се сведе на помалку од 100 во текот на еден месец – а тоа е пет пати помалку од пролетта“, се наведува во текстот на „Гардијан“.

Германските власти, пак, од своја страна, ги отфрлаат наводите за официјално ограничување на оваа бројка. Според податоци од германското Министерство за внатрешни работи, 4.339 лица, претежно Сиријци, чии барања за азил се одобрени, и натаму се наоѓаат во Грција.

А. Б.