/ Прочитано:

860

На повидок историски чекор во САД за решавање на проблемот со имиграцијата

Среда, 22 мај 2013 – Правната комисија на американскиот Сенат го одобри Нацрт-законот за имиграција, со кој им се дава можност на милиони лица кои незаконски живеат во САД, да добијат американско државјанство. Доколку законот биде усвоен ќе стане збор за најголема реформа во оваа област од 1986 година.

Документот беше усвоен со 13 гласови „за“ и пет гласови „против“. Сенатот во јуни ќе може да почне со разгледувањето на овој Закон.

Нацрт-законот беше усвоен во Правната комисија во Сенатот, откако нејзиниот претседател го избегна судирот за правата на хомосексуалните брачни парови и се огласи на повиците на Белата куќа и на други институции дека таквото гласање ќе доведе на неуспех на Нацрт-законот во Сенатот.

Во последна минута, Комисијата се согласи и на компромис, со кој се продолжува визната програма за вработените во високотехнолошкиот сектор.

Претседателот Барак Обама го поздрави резултатот од гласањето во сенатската Комисија, нагласувајќи дека документот одговара на вредностите, кои самиот тој ги поддржува и оти има моќ да поправи еден „разурнат“ систем.