/ Прочитано:

3.142

НА СИТЕ ОНИЕ КОИ И ПОНАТАМУ НЕ ЗНААТ ДА ВРЗАТ ВРАТОВРСКА: Никогаш нема да погодите колку начини постојат!

Четврток, 21 февруари 2014 – Постојат 177.147  начина како да ја заврзете својата вратоврска, а тоа всушност е 1.000 пати повеќе од она што сте  го знаеле досега. 

Откриен е и начинот како е врзана вратоврската на популарниот лик Меровинг од популарната трилогија „Матрикс“. Имено, фановите со години се обидуваа да го дознаат начинот како е врзана црната вратоврска врз црната кошула на Меровинг.

Овој начин на врзување на вратоврска можеби е најнеобичниот начин од многуте чворови на вратоврски што се појавија во „Матрикс“.

Математичарот Микаел Вејдемо Јохансон од Техничкиот институт во Стокхолм забележал дека во истражувањето што го направиле преку 2000 истражувачи од Кембриџ, недостасува чворот на Меровинг.

Инспирација за математичката студија била сцената од „Матрикс“ со Французинот и неговиот невообичаен јазол по што тргнал да ја провери бројката од 85 вида јазли кои биле утврдени во 1990-та година.

Тој заедно со уште тројца математичари креирал формула за врзување чворови на кравати со користење на трите симболи W, T и U, и со помош на „Tie Knot Generator“.