/ Прочитано:

316

На скопскиот аеродром, 12 обвинети за употреба на фалсификувани потврди за ПЦР тестови

Обвинетите, во различни кривично-правни настани во периодот од 19 до 23 февруари, на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, прикажувале лажни потврди за негативни ПЦР тестови за SARS-CoV-2 вирусот, кои наводно биле издадени од лаборатории во Скопје. Потврдите како вистински ги прикажувале пред овластените службени лица, иако знаеле дека воопшто не се тестирале во наведените лаборатории“, соопштуваат од Обвинителството.