Начелен став на Врховниот суд во врска со постапувањето со предметите и престанокот на судиската функција
Врховниот суд на Република Северна Македонија, врз основа на член 101од Уставот на РСМ, член 37 став 1 точка 1 од Законот за судовите („Службенвесник на РСМ“ бр.58/06,35/08,150/10,39/12,83/18,198/18,96/19), член 59 став 2 и член 69 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Северна Македонија на Општата седница на ден 28.04.2021 година, утврди:
НАЧЕЛЕН СТАВ
1. Кога по донесување на одлука по конкретен предмет, на судија известител – член на советот му престанува или е разрешен од судиската
функција, а одлуката по предметот писмено е изработена и потпишана или е потпишан записникот за советување и гласање, предметот ќе се предаде во судска писарница за понтамошно постапување.
2. Во случај на престанок или разрешување од судиска функција на член на советот по донесена одлука по конкретен предмет, предметот по писмено изработена одлука, потпишана од претседателот на советот и другите членови или потпишувањето на записникот за советување и гласање без негов потпис ќе се предаде во судската писарница за понатамошно постапување.
3. Кога писмено изработената одлука, потпишана од судијата известител на кого му престанал или е разрешен од судиската фунција, има недостатоци или грешки сторени при пишувањето, истите ќе ги отсрани преседателот на советот и без потпис на судијата известител ќе се предаде во судска писарница за понатамошно постапување.
4. Кога преседателот или член на советот не се согласува со образложението на писмено изработената одлука од судијата известител на
кого му престанала или е разрешен од судиската функција, претседателот со останатите членови на советот ќе одлучат со какво образлоежение ќе биде одлуката, а по потпишувањето на истата, без потпис на судијата известител ќе се предаде во судска писарница за понатамошно постапување.
5. Кога претседателот на советот или член на советот со образложени, аргументирани и издржливи причини бара повторно да се расправа по конкретен предмет (ревотација), а на судијата известител како член на совет во меѓувреме му престанала или е разрешен од судиската функција, ќе се изврши повторно автоматска распределба на предметот и ќе се расправа по предметот пред претседателот и другите членови на истиот совет.
6. Во случај на престанок или разрешување од судиска функција на судија известител како член на совет по донесената одлука по конкретен предмет, а одлуката не е писмено изработена, претседателот на советот ќе организира да се изработи одлуката, а по потпишување на истата од претседателот на советот и другите членови, без потпис на судијата известител ќе се предаде во судска писарница.
7. Во случај на престанок или разрешување од судиска фунција на претседател на совет или член на совет по донесена одлука по конкретен
предмет, а по писмена изработка на одлуката одбива истата или записникот за советување и гласање да ги потпише од неоправдани причини, по потпишувањето на одлуката или записникот за советување и гласање од другите членови на советот предметот со резолуција на претседателот или заменик претседателот на соодветниот оддел, ќе се предаде во судска писарница за понтамошно постапување.
8. Во случај на престанок или разрешување од судиска функција на претседател на совет или на член на совет, предметите кои се реферирани, а по кои не е донесена одлука, ќе се пререферираат во ист состав, пред претседател и член на советот кои се заменуваат согласно Годишниот распоред за работа на судиите и судската администрација на Врховниот суд на Република Северна Македонија, кој важел во време на реферирање на предметот.
9. Кога предметот е рефериран од судија изветител, а не е донесена одлука по престанокот или разрешување од судиска функција судијата
известител, ќе се изврши автоматска распределба на предметот, судијата на кого ќе му се додели предметот ќе го реферира предметот пред истиот совет, согласно Годишниот распоред за работа на судиите и судската администрација во Врховниот суд на Република Северна Македонија кој што важел во време на реферирање на предметот.
10. Во случај на престанок или разрешување од судиска функција на судијата кој е задолжен со предмети, а кој предмет е предаден во судската писарница согласно овој начелен став предметот се смета за решен и прогласен за завршен во автоматизираниот компјутерески систем, со верификација од страна на одговорно лице во автоаматизираниот компјутерски систем.
>>Целосниот текст на начелниот став
Сентенца на Врховниот суд за повлекување на изјава за признавање на вина
Сентенца на Врховниот суд за конфискација на имот и имотна корист
Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда
Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице
Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка
Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В