Начелно правно мислење за дозволеност на ревизија во постапки за заштита од дискриминација
Врховниот суд на Република Северна Македонија на Општата седница одржана на 28.04.2021 година, расправајќи по предлогот на Одделот за граѓански дела поднесен врз основа на член 61 став 1 од Деловникот за работа на Врховниот суд на Република Македонија, согласно член 101 од Уставот на Република Северна Македонија и член 37 став 1 точка 1 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ број 58/2006…96/2019), со мнозинство гласови, го утврди следното:
НАЧЕЛНО ПРАВНО МИСЛЕЊЕ
Во спорови за заштита и спречување од дискриминација кога е истакнато непарично и парично побарување, дозволеноста на ревизијата ќе се цени според вредноста на предметот на спорот за секое одделно барање согласно член 372 став 2 од Законот за парничната постапка.
О б р а з л о ж е н и е
Врховниот суд на Република Северна Македонија како највисок суд во Републиката кој го обезбедува единството во примената на законите од страна на судовите, на општа седница утврди потреба од донесување начелно правно мислење по прашањето за дозволеност на ревизијата во постапки по Законот за спречување и заштита од дискриминација (Службен весник на РМ 50/2010…2018), во случаите кога покрај непарично е истакнато и парично побарување за надомест на штета, кое прашање е од значење за обезбедување на единство во примената на наведениот закон од страна на судовите во корелација со Законот за парничната постапка.
>>Текстот на начелното мислење во целост
Сентенца на Врховниот суд за повлекување на изјава за признавање на вина
Сентенца на Врховниот суд за конфискација на имот и имотна корист
Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда
Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице
Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка
Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В