Начелно правно мислење за дозволеност на жалба против решение на првостепен суд со кое е потврдено решение на нотар како повереник на судот
Врховниот суд на Република Северна Македонија на Општата седница одржана на 13.12.2021 година, расправајќи по иницијативата поднесена од адвокат Снежана Станковиќ од Скопје 03Су.бр.262/21 од 29.03.2021 година, согласно член 101 од Уставот на Република Северна Македонија и член 37 став 1 точка 1 од Законот за судовите („Службен весник на Република Македонија“ број 58/2006…96/2019), го утврди следното:
НАЧЕЛНО ПРАВНО МИСЛЕЊЕ
Против решението на првостепениот суд со кое што е потврдено решението на нотарот како повереник на судот е дозволена жалба.
О б р а з л о ж е н и е
Согласно член 128 од Законот за вонпарнична постапка („Службен весник на РМ“ број 9 од 18.01.2008 година), „Ненавремениот, нецелосниот или недозволениот приговор, судот ќе го отфрли. Одлучувајќи по приговорот против решението кое го донел нотарот, судот може во целост или делумно решението да го потврди или да го укине. Кога судот решението делумно ќе го укине или делумно ќе го потврди, самиот ќе одлучи за укинатиот дел на решението. Против решенето на судот со кое решението на нотарот во целост или делумно е укинато дозволена е жалба во рок од осум дена од доставувањето на првостепеното решение. Решението по приговорот им се доставува на учесниците и на нотарот. Врз решението на нотарот против кое е изјавен приговор, а судот го отфрлил, клаузулата за правосилност ја става судот што одлучувал по приговорот. Решението на нотарот против кое не е изјавен приговор е правосилно. Клаузулата за правосилност на ова решение ја става нотарот. Грешките во имињата и броевите, како и други очигледни грешки во пишувањето и сметањето, ќе ги исправи оној што го донел решението. Исправките ќе се извршат со посебно решение, а на учесниците ќе им се достави посебно решение.
Од содржината на оваа законска одредба произлегува дека против решението на Судот со кое решението на нотарот е потврдено, не е пропишано дали е дозволена или не е дозволена жалба.
Меѓутоа, тоа што не е пропишано правото на изјавување на жалба не значи дека против едно такво решение не е дозволена жалба.
Ова од причина што, согласно член 33 став 1 од Законот за вонпарнична постапка, ако со овој закон поинаку не е определено, во вонпарничната постапка сообразно ќе се применуваат одредбите од Законот за парничната постапка.
Согласно пак член 368 став 1 од Законот за парничната постапка („Службен весник на РМ“ број 79/2005…124/2015), „Против решение на првостепениот суд е дозволена жалба, ако со овој закон не е определено дека жалба не е дозволена“.
Според член 15 став 1 со амандманот XXI од Уставот на Социјалистичка Република Македонија, со кој се заменува членот 15 на Уставот се гарантира правото на жалба против одлуки донесени во постапка во прв степен пред суд.
Од изнесеното, неспорно произлегува дека против решението на првостепениот суд, со кое е потврдено решението на нотарот како повереник на Судот е дозволена жалба, од кои причини Врховниот суд на Република Северна Македонија го утврди, односно го усвои ова начелно правно мислење.
Врховен суд на Република Северна Македонија Општа седница
Надлежен орган да одлучува за гаранција истакната во жалба по притвор – заклучок на Врховниот суд
Службена белешка не е доказ во постапка пред судот
Заклучок на Врховниот суд за определување на трошоци во кривична постапка
Заклучок на Врховниот суд во врска со казнивост за обид на кривично дело „Тешка кражба“
Сентенца на Врховниот суд за еднаквост на оружјето и контрадикторна постапка
Заклучок на Вишиот управен суд за примената на член 58 став 2 од Законот за прекршоците
Врховниот суд донесе заклучок за присуство на оштетен на расправа пред првостепен суд
Заклучок на Вишиот управен суд за трошоци во управен спор
Заклучок на Врховниот суд во врска со писмени обраќања и барања од Судскиот совет
Врховниот суд утврди повеќе заклучоци поврзани со пресудата на ЕСЧП „Синадиновска против РСМ“
Начелно правно мислење за привремена мерка во извршна постапка
Начелно правно мислење на Врховниот суд за дозволеност на ревизија
Начелно правно мислење за дозволеност на ревизија во постапки за заштита од дискриминација
Сентенца на Врховниот суд за повлекување на изјава за признавање на вина
Сентенца на Врховниот суд за конфискација на имот и имотна корист
Сентенца за недозволено барање за вонредно преиспитување на правосилна пресуда
Сентенца на Врховниот суд за одговорно лице во правното лице
Сентенца на Врховниот суд за пресметувањето трошоци во кривичната постапка
Правно мислење на Врховниот суд во врска со задоцнувањето на доверител
Правно мислење на Врховниот суд за трошоците за објавување пресуда
КАСНУВАЊЕ ОД КУЧЕ СКИТНИК: Врховниот суд со правно мислење за надоместокот на штета
ВРХОВНИОТ СУД: Правно мислење за надоместокот за експроприрана недвижност
Сентенци на Врховниот суд по правен основ имотни односи и парнична постапка
Сентенци на Врховниот суд по правен основ парнична постапка
Сентенца на Врховниот суд за судир на надлежност на основни судови
Сентенци на Врховниот суд во врска со парничната постапка, облигационите и работните односи
„Продолжување на важност на договор за вработување на определено време“ – сентенца на Врховниот суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Дозволеност на ревизија“ и „Неовластено соопштување на деловна тајна“
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: „Пасивна легитимација на РМ“ и „Сопственик на возило“
СЕНТЕНЦИ НА ВИШИОТ УПРАВЕН СУД
ЗАКЛУЧОК НА ВРХОВНИОТ СУД: Надлежност за донесување на одлуката за враќање на одземените предмети
Сентенци од специјализираните судски оддели на Вишиот управен суд
СЕНТЕНЦИ НА ВРХОВНИОТ СУД: Казнено право, кривична постапка и повреда на ЗКП
М.В