/ Прочитано:

1.841

НАЦИОНАЛЕН СОВЕТ ЗА ЕВРОИНТЕГРАЦИИ: Правна рамка, цели, активности и персонален состав

Денеска Националниот совет за евроинтеграции во Собранието на РМќе ја одржи првата седница во актуелниот парламентарен состав.На дневен ред на Националниот совет ќе се презентираат  активностите реализирани од Владата на Република Македонија за интеграција во Европската Унија, во изминатото тримесечје и предложените активности за тековното тримесечје и потреба од поширок национален консензус. На седницата ќе се усвои и планот на активности на  Националниот совет за евроинтеграции за периодот септември-декември 2017.

Националниот совет за евроинтеграции има за цел да ги засили активностите и одговорностите на сите надлежни државни органи и институции во обезбедувањето на заедничка согласност и дејствување во пристапниот процес на Македонија кон ЕУ.

Националниот советот има претседател, потпретседател, 15 члена и девет заменици членови, и тоа: девет члена од редот на пратениците во Собранието, кои имаат свои заменици и шест члена од други институции: заменикот на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, претставник од кабинетот на претседателот на РМ, претставник од кабинетот на претседателот на Владата на РМ, претставник од Македонската академија на науките и уметностите, од Заедницата на единиците на локалната самоуправа и од Здружението на новинарите. Овие шест членови учествуваат во работата на Советот без право на одлучување.

Претседателот на Советот се именува од редот на пратениците кои се во опозиција, а потпретседателот од редот на пратениците кои се во позиција.

Членови и заменици членови на Советот од редот на пратениците се:  три члена и три заменици членови од редот на пратениците кои се во позиција, три члена и три заменици членови од редот на пратениците кои се во опозиција.

Членови по функција се: претседателот на Комисијата за европски прашања, претседателот на Комисијата за надворешна политика и копретседателот на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ- Република Македонија, а заменици членови по функција се: заменик претседателот на Комисијата за европски прашања, заменик претседателот на Комисијата за надворешна политика и еден од потпретседателите на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ- Република Македонија.
Начинот на работа, правата и обврските на претседателот, потпретседателот и членовите на Советот, јавноста во работата и вршењето на стручните, административните и другите работи за потребите на Советот се уредени со Деловникот на Националниот совет  донесен на 25.10.2011 година.

Советот одлучува со консензус на присутните членови што имаат право на одлучување, од редот на пратениците.

Седниците на Советот се отворени за јавноста. Советот може да одлучи да работи без присуство на јавноста ако тоа го предложат претседателот на Советот или најмалку една третина од вкупниот број членови на Советот. По предлогот, Советот одлучува со консензус на присутните членови на Советот.

Претседател на Советот е пратеникот Никола Попоски, а потпретседател Ивана Туфегџиќ,членови на Советот се пратениците Тања Ковачев, Илија Николовски,  Шпреса Хадри,  Илија Димовски, Емил Димитриев, Африм Гаши, АртанГруби, Антонијо Милошоски, Стево Пендаровски, копретседател на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ-РМ.

Членови на Советот се и:Бујар Османи, заменик-претседател на Владата на РМзадолжен за европски прашања, проф.д-р Иванка Додовскаод Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, претставник од кабинетот на претседателот на РМ,Бојан Маричиќ, советник за ЕУинтеграции и итни реформски приоритети, претставник од кабинетот на претседателот на Владата на РМ,академик Луан Старова, потпретседател на МАНУи член на Советот за евроинтеграции на МАНУ, претставник од Македонската академија на науките и уметностите, како и  претставници од Заедницата на единици на локална самоуправа и Здружението на новинари на Македонија.

М.В