/ Прочитано:

715

Над 73 илјади активни деловни субјекти


„Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на активните деловни субјекти во Република Северна Македонија во 2020 година изнесува 73 061 и во однос на 2019 година е намален за 3.8 %. Најмногу се намалил бројот на активните деловни субјекти во секторот Други услужни дејности (15.2 %, односно за 911 субјекти) и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (11.6 %, односно за 26 субјекти). Во 2020 година, во однос на претходната, секторот Дејности на здравствена и социјална заштита бележи зголемување на бројот на активни деловни субјекти за 1.9 %, а секторот Информации и комуникации бележи пораст од 1.4 %.

Податоците за структурата на активните деловни субјекти по сектори на дејност покажуваат дека во 2020 година најголемо учество имаат секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли со 30.4 % и Преработувачка индустрија со 11.0 %. Најмала застапеност имаат секторите: Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (0.3 %), Снабдување со вода; отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината (0.3 %), Рударство и вадење на камен (0.3 %) и Јавна управа и одбрана; задолжително социјално осигурување (0.4 %).

Податоците за структурата на активните деловни субјекти според бројот на вработени покажуваат дека најголемо учество од 82.1 % имаат деловните субјекти со 1 до 9 вработени. Потоа следат деловните субјекти без вработени или субјекти со неутврден број вработени (без податок за вработени) со 8.3 %, па субјектите со 10 до 19 вработени со 4.4 %, потоа субјектите со 20 до 49 вработени, чие учество изнесува 3.0 %, со 1.9 % учествуваат субјектите со 50 до 249 вработени и само 0.3 % од активните деловни субјекти имаат над 250 вработени“, се наведува во соопштението на ДЗС.

М.В