/ Прочитано:

1.331

Над половина тон марихуна запленети на граничниот премин „Ќафасан“

Вторник, 27 ноември 2012 – Македонската полиција и царинската управа вчера на граничниот премин „Ќафасан“ заплениле 511 килограми опојна дрога марихуана. Како што соопштуваат од СВР Охрид дрогата, била откриена на влез од Република Албанија во Република Македонија. Ова е досега најголемата количина на марихуана запленета во историјата на македонската полиција.Од охридската полиција соопштуваат дека 511 килограми марихуана биле откриени во бункер во двокатна приколка на камион со македонски регистарски табли, управуван од македонски државјанин.

Според полициските информации, дел од стоката што од Албанија, преку Македонија требало да биде пренесена во западноевропските земји, била наменета за македонскиот нарко пазар.

Повеќе детали во врска со акцијата се очекуваат во текот на денот.