/ Прочитано:

672

Надлежноста на лекарските комисии не може да биде предмет на уредување на подзаконски акт

Уставниот суд укина одредби од Правилникот за составот, надлежноста и начинот на работа на лекарските комисии на Фондот за здравствено осигурување во врска со делот „надлежност“.

Според Судот, надлежноста на лекарските комисии не може да биде предмет на уредување на подзаконски акт, туку само може да бидe предмет на законски одредби или одредби од колективни договори, односно не и на подзаконски прописи, со кои може да се уреди само составот и начинот на работа на лекарските комисии.

„Судот оцени дека законското овластување со подзаконски пропис да се уредат и надлежностите на лекарските комисии ги надминува уставните и законските граници за такво овластување, поради што Судот оцени дека истиот не претставува операционализација на законските овластувања, туку напротив истиот излегува од дадените законски рамки, поради што оспорените делови од Правилникот коишто ја уредуваат надлежноста на лекарските комисии, што исклучиво е оспорена со поднесената иницијатива, е во спротивност со Уставот и со одредбите од Законот за здравственото осигурување“, се наведува во одлуката на Судот.

M.В