/ Прочитано:

1.202

Надлежностите на ректорот според Законот за високо образование

Во Законот за високо образование се пропишува дека ректорот е раководен орган на универзитетот.  Ректорот го претставува и застапува универзитетот во земјата и странство.

Ректорот се избира од редот на редовните професори со објавување на јавен оглас. Ректорот се избира за време од три години, со право на уште на еден избор.  Ректорот се избира на слободни, непосредни и тајни избори од страна на членовите на наставно-научните, научните и наставничките совети на единиците.

Надлежност на ректорот

Ректорот во рамките на раководењето со универзитетот:

  • ја усогласува високообразовната, уметничката, научно-истражувачката и применувачката дејност и друга работа на универзитетот,
  • ги извршува одлуките и заклучоците на сенатот,
  • дава иницијатива за свикување на сенатот,
  • им поднесува на сенатот и на ректорската управа предлози и одлуки и други општи акти и заклучоци за прашања чие разгледување и решавање е во нивна надлежност,
  • одлучува за финансиските и материјалните прашања кои не се во надлежност на сенатот на универзитетот;
  • промовира доктори на науки;
  • доделува награди на универзитетот;
  • ги свикува, го предлага дневниот ред и претседава со седниците на ректорската управа;
  • предлага избор и разрешување на проректор;
  • суспендира декан или директор на единица на универзитет за непочитување на законот, статутот, општ акт или одлука на универзитетот и поставува времен вршител на должност декан, односно директор на единица на универзитетот,
  • предлага избор и разрешување на генерален секретар на универзитетот;
  • назначува времен вршител на должност декан, односно вршител на должност директор на единицата на универзитетот;
  • ја води меѓународната соработка на универзитетот и иницира соработка со други универзитети во земјата и странство,
  • дава овластување на проректорите за вршење на дел од своите права и обврски,
  • управува со имотот на јавниот универзитет и се грижи за неговото одржување и
  • врши други работи утврдени со закон, статутот и други општи акти на универзитетот.

Ректорот се грижи за законитоста и статутарноста на работата на универзитетот и на единиците во неговиот состав и има право и должност да запре од извршување, односно да укине акт на нивните органи, за кој смета дека не е во согласност со закон, статут, општ акт или одлука на универзитетот.

М.В