/ Прочитано:

15.688

„НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ВО СЛУЧАЈ НА НЕСРЕЌА ПРИ РАБОТА“ – Д-р Милка Ристова, судијка во Врховниот суд на Република Македонија

Автор: Д-р Милка Ристова, судија во Врховниот суд на Република Македонија.

I. Вовед

Формите за заштита на работникот на работното место се пропишани во Законот за заштита при работа1. Од содржината на одредбите на овој закон може да се извлече заклучок дека на полето на заштитата на вработените, пропишани се современи правни решенија. Проблемот на заштита при работа е огромен, бидејќи несреќите на работа се многу чести, а некои од нив имаат и фатален исход, односно завршуваат со смртен исход.

Работодавачот е должен веднаш по приемот на работникот на работа да му ги осигура потребните услови за заштита на работата, а со кои се осигуруваат заштитатана животот и здравјето на работникот. Всушност треба да му овозможи запознавање со прописите од заштита при работа, а воедно е должен да оспособи работникот за работа на начин кој што осигурува целосна заштита на неговото здравје, се со цел да се спречи несреќа на работа.

II. Надомест на штета во случај на несреќа при работа кај работниците со склучен договор за работа

Несреќите при работа се многу честа појава, бидејќи од една страна свеста на работодавачите и на работниците за ризиците при работа е ниска, а од друга страна поради големата невработеност во Република Македонија, невработените прифаќаат да работат во опасни услови без адекватна заштита, само за да можат да осигураат средства за живот за себе и за своето семејство. Работниците кои што се во редовен работен однос, со потпишаниот договор за вработување, во случај на настапување нанесреќа при работа остваруваат надомест на штета, заради повредата здобиена на работа, и тоа како од осигурителната компанија, доколку се осигурани, а исто така можат да ја надоместат материјалната или нематеријалната штета од работодавачот.Притоа, надоместот на штета следува поради целосно или делумно губење на работната способност и во тој случај се остварува право на инвалидска пензија, за работниците кои што се социјално осигурани. Покрај тоа, ако работникот доживее повреда на работа, или во врска со работата, има право и на паричен надоместок од работодавачот за настанатата штета, ако се исполнети два услова и тоа:

1. мора да постои субјективна или објективна одговорност на работодавачот и

2. работникот при работа не смее да биде невнимателен и не смее да работи безпропишаната заштитна опрема, односно не смее да се однесува спротивно со правилата за заштита при работа.

Ако работникот е одговорен за повредата при работа, работодавачот не е должен да му го исплати надоместокот на штетата. Доколку пак работодавачот е одговорен за настанатата штета односно повреда, дури и кога работникот со своето однесување допринел за настанувањето на штетата, работникот има право на исплата на штета. Работодавачите воглавно својата одговорност за повреда на работникот на работнотоместо ја осигуруваат во соодветното осигурувачко друштво, низ осигурување од граѓанска одговорност. Во тој случај, надоместот на штетата се проследува на соодветната осигурителна компанија, која врз основа на утврдената одговорност ја утврдува висината на штетата. Доколку работодавачот не го осигурал работникот заради граѓанска одговорност, надоместот на штетата може да се бара директно одработодавачот. Во тој случај судовите ја испитуваат субјективната одговорност наработодавачот за настапување на штетата во врска со несреќа на работа, или пак се испитува дали постои објективна одговорност на работодавачот за повреда на работникот при вршење на работните задачи, и овој вид на одговорност настапува независно на вината на работодавачот. Тоа е одговорност на работодавачите којашто тој ја има само заради поседување на одредена опасна ствар која се употребува во процесот на работа, или пак за обавување на одредена опасна дејност.

Судската пракса изобилува со бројни случаи на надомест на штета за настапена несреќа при работата и најчесто како форми на остварување на надоместот на штета се: Надомест на штета за примарен и секундарен страв, поради последица од повреда на работата; натаму надомест на штета за душевна болка поради намалување на животна активност или нагрденост, и надомест на штета за душевна болка поради смртен исход. За обележување е дека првите форми на надомест на штета се лично право кое може да го остварува само оштетениот, а додека надоместот на штетата за душевна болка поради смрт може да ја остваруваат и блиските роднини на умрениот (родителите, законските и незаконските партнери,децата, браќата и сестрите, бабите и дедовците) ако живееле во исто семејно домаќинство и ако меѓу нив постоела трајна животна заедница. Потесните членови насемејството имаат право покрај надомест на нематеријална штета и на надомест на материјална штета.

 Целосниот текст на трудот „НАДОМЕСТ НА ШТЕТА ВО СЛУЧАЈ НА НЕСРЕЌА ПРИ РАБОТА“