/ Прочитано:

3.710

Награда „26 јули“ за Ирена Тачовска и Лејла Тутиќ од Правниот факултет „Јустинијан Први“

Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ денеска во рамките на доделувањето на наградите и пофалниците за своите најдобри студенти за учебната 2016/2017 година, ги додели и наградите „26 јули“ на осум најдобри студенти за учебната 2017/2018 година од областа на архитектурата, општествените науки и уметностите на УКИМ. Од Правниот факултет „Јустинијан Први“ наградата „26 јули“ ја добија Ирена Тачовска и Лејла Тутиќ.

Ирена Тачовска на Правниот факултет „Јустинијан Први“ дипломирала со просек 9,90.

Лејла Тутиќ на Правниот факултет „Јустинијан Први“  исто така дипломирала со просек 9,90.

Двете наградени студентки велат дека наградата за нив е од особено значење и дополнителна мотивација да продолжат со својата посветеност кон правото, како во едукативна така и во  професионална смисла. Наградата „26 јули“ е поддржана од средствата на фондацијата „Франк Харкорд Манинг“ од Лондон, Велика Британија.

М.В