/ Прочитано:

817

НАЈАВА: Адвокатските друштва денеска ќе одржат состанок по повод актуелните состојби во адвокатурата

Петок, 8 декември 2013 – Адвокатските друштва денеска со старт во 14 часот ќе одржат состанок на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје – амфитеатар 8 на кој ќе се расправа за актуелните состојби во адвокатурата.

Тема на состанокот  меѓудругото ќе биде и престојното вонредно Собрание на АКРМ кое ќе се одржи на 16-ти февруари со почеток во 12 часот во Кичево во ресторанот АТВА, информираат од адвокатските друштва. Оттаму посочуваат дека на денешниот состанок пожелно е да присуствуваат и адвокатите поединци. 

Дневен ред на вонредното Собрание на АКРМ:

1. Информација за актуелната состојба во врска со примена на ЗАМ 2. Гласање за доверба на членовите на УО на АКРМ 3. Предлози за надминување на актуелната состојба во врска со ЗАМ