/ Прочитано:

1.016

Најавена дигитализaција на конзуларните услуги „Е-конзулат“

„Владата ја разгледа и ja усвои Информацијата за проектот за дигитализација на конзуларните услуги во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство.

Дигитализацијата на конзуларните услуги во странство (Е-конзулат) се наметна како неопходна потреба заради модернизирање на работата на ДКП, а со крајна цел овозможување на брзи, ефикасни и економски исплатливи услуги на нашите граѓани во странство, што особено дојде до израз за време на кризата предизвикана од ковид-19.

Е-конзулат предвидува дигитализaција на конзуларните услуги кои се даваат во дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија, почнувајќи од постапката за аплицирање, онлајн  плаќање, како и добивање на документите лично или по пошта. Со оваа платформа на македонските државјани кои живеат во странство ќе им се овозможи да дојдат до конзуларни услуги на полесен начин и за пократок временски период“, соопштуваат од Владата.

МНР најавува нов Закон за надворешни работи

М.В