Најавена законска дистинкција меѓу објектите за лично домување и станбените згради за профит
„Владата ја отвори дебатата за утврдување насоки во врска со Предлог-законот за легализација на бесправно изградените градби кој е вратен во Собранието по одлуката на Претседателот на државата Пендаровски да не го потпише Указот за прогласување на Законот.
Во широката и темелна дебата беше истакнато дека согласно законските процедури за вакви ситуации, Владата ќе поттикне јавна расправа со засегнатите страни, како и консултации со пратеничките групи во Собранието и со претседателите на Парламентот и државата за да се дојде до најдобро законско решение.
Во таа насока ќе бидат отворени за доработка и најдобри решенија на предлозите кои се однесуваат на временскиот период со кој треба да биде опфатена легализацијата на дивоградбите, потоа реалната дистинкција меѓу објектите кои се за лично домување и оние кои се изградени како станбени згради за профит, како и прашањето за категорична и јасна законска одредба дека со легализација нема да бидат опфатени бесправно изградените објекти во заштитените подрачја, како и сите други укажани прашања на кои посочија јавноста и граѓаните“, соопштуваат од Владата.
Кривичното дело „Бесправно градење“
Законот за утврдување на правен статус на бесправно изградени објекти на собраниска седница
Се продолжува рокот на важење на Законот за постапување со бесправно изградени објекти
М.В