/ Прочитано:

1.596

Најавени масовни протести во Сараево за усвојување на Законот за ЕМБ

Вторник, 11 јуни 2013 – Пред зградата на Парламентот на БиХ денеска се очекуваат најголем број демонстранти кои бараат итно усвојување на Законот за единствен матичен број. Се очекува доаѓање на повеќе од пет илјади граѓани од сите делови на Босна и Херцеговина, јавуваат локални медиуми. 

Масовно собирање најавија за напладне претставници на невладини организации, студенти, пензионери, таксисти, невработени. Преку социјални мрежи се повикани сите граѓани на државата за да им покажат на властите и меѓународната заедница дека не отстапуваат од своите намери во борбата за права на децата, која како што наведуваат ја нарушиле домашни поитичари. 

Освен усвојување на законот, тие ќе бараат и формирање државен фонд за солидарност од кој би се помагало за лекување на граѓани на државата. Од политичарите ќе бараат откажување од 30 отсто од своите примања до крајот на мандатот во корист на тој фонд. Протестите почнаа на 5 јуни, чашата се прелеа кога сериозно болно тримесечно бебе поради немањето матичен број не можеше да биде испратено на лекување во странство.