/ Прочитано:

846

Најчести прекршувања на законските измени за работата во недела кај обложувалниците и кафе баровите

„Од страна на волонтери на ССМ​ како и пријави од страна на работници, најчести прекршувања на Законите со кои се регулира правото на неделен одмор, на 02.01.2021 година беа евидентирани од страна на работодавачи кои не се во наведените исклучоци и тоа казината, автомат клубовите, обложувалниците, кафе баровите ( кафичите за посужување на кафе и пијалоци), супермаркетите (трговија на големо и мало).

Напоменуваме дека во член 4 став 1 од Законот за работните односи е предвидено дека овој закон се применува врз работните односи меѓу работодавачите кои имаат седиште или престојувалиште во Република Северна Македонија и кај нив вработените работници, кога работата постојано се врши на територијата на Република Северна Македонија, како и во случаите кога работодавачот привремено ќе го упати работникот на работа во странство, а во став 5 е предвидено дека истиот не се применува на поморскиот персонал на трговско-поморски претпријатија, на членови на екипаж на авиони и на странци вработени во компаниите за патничкиот и железничкиот сообраќај кои имаат регистрирано седиште во странство.

Со член 2 од Законот за измените и дополнувањата на Законот за ​ работните односи (Сл. Весник на РСМ бр.288/2021)​ е регулирано дека во​ член​ 134​ ставот​ (2)​ се​ менува​ и​ гласи: „Ден​ на​ неделен​ одмор​ е​ недела.“. Додаден е и нов став (3)​ во кој е наведено дека по​ исклучок​ од​ ставот​ (2)​ на​ овој​ член,​ за​ работниците​ кај​ работодавачите​ кај​ кои​ работниот​ процес​ е​ од​ таква​ природа​ што​ не​ може​ да​ се​ прекине​ поради​ техничко​ -​ технолошкиот​ процес​ и​ потребата​ од континуитет​ во​ работата,​ ден​ на​ неделен​ одмор​ може да​ биде​ друг​ ден​ во​ неделата​ и​ тоа​ во 41 дејности кои се наведени како исклучоци, а во кои​ не се опфатени казината, автомат клубовите, обложувалници, кафе баровите ( кафичите за послужување на кафе и пијалоци), супермаркетите (трговија на големо и мало​ освен исклучоците од Законот за изменување и дополнување Законот за трговија).

Имајќи во предвид дека овие два закони прецизно го уредуваат правото на неделен одмор на работниците, не се применливи членовите 69 и 96 од Законот за игри на среќа кој предвидуваат дека казината и автомат​ клубот​ може​ да​ утврди​ работно​ време​ од​ 24​ часа​ на​ ден,​ секој​ ден,​ независно​ од​ тоа дали​ со​ закон​ или​ со​ друг​ пропис​ е​ одреден​ државен​ или​ верски​ празник​ или​ друг​ неработен​ ден, но не и за ден на неделен одмор на работниците утврден со Законот за работните односи и Законот за трговија.

Од тука произлегува дека истите не смеат да работат во недела која е ден за неделен одмор и за работниците кај овие работодавачи поради тоа што истите не се во исклучоците.

Напоменуваме дека со Законот за работните односи се регулираат правата од работен однос на дневен, неделен и годишен одмор, полното работно време и прекувремената работа и сл., а истите се задолжителни и се применуваат на сите работници и работодавачи во Државата.

Нагласуваме дека овие работодавачи не се наведени ниту во Правилникот ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ПОМОШНИ ИЛИ ПРИДРУЖНИ ДЕЈНОСТИ НА ОСНОВНАТА ДЕЈНОСТ​ НА РАБОТОДАВАЧОТ И ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА РАБОТНИ МЕСТА ВО ДЕЈНОСТИ КОИ ИМААТ КАРАКТЕР​ НА ПОМОШНИ И ПРИДРУЖНИ РАБОТИ НА ОСНОВНАТА ДЕЈНОСТ НА РАБОТОДАВАЧОТ каде што во член 2 од истиот јасно е наведено дека Помошни​ и​ придружни​ дејности,​ во​ смисла​ на​ овој правилник,​ се​ оние​ ​ ​ дејности​ ​ ​ со​ кои​ врз​ основа​ на​ договор​ за​ деловно-техничка​ соработка​ се​ опслужува​ работењето​ на​ работодавачот,​ кај​ кој​ работниот​ процес не​ може​ да​ се​ прекине​ и​ има​ потреба​ од​ континуитет во работата, а во член 3 Работни​ места​ кои​ имаат​ карактер​ на​ помошни​ и придружни​ работи​ за​ непречено​ извршување​ на​ основната​ дејност​ на​ работодавачот,​ во​ смисла​ на​ овој​ правилник,​ ​ ​ се​ оние​ работни​ места​ без​ чие​ континуирано одвивање​ на​ работите​ може​ да​ дојде​ до​ прекин​ или​ нарушување​ на​ техничко-технолошкиот​ процес​ и/или​ може​ да​ има​ влијание​ врз​ квалитетот​ и​ безбедноста​ на производот,​ односно​ може​ да​ предизвика​ дополнителен​ ангажман​ на​ човечки​ и​ материјални​ ресурси​ или трошоци​ за​ повторно​ враќање​ во​ потребниот​ оптимален режим на работа на работниот процес во​ целина.

Доколку законодавецот планирал овие дејности и работодавачи да работат на ден на неделен одмор, истите ќе ги навел во исклучоците кои можат да работат во ден на неделен одмор, а не го сторил тоа, како што е случај за многу други дејности кои имаат посебни закони (здравство, полиција …), а сепак се дел од исклучоците во ЗРО.

Државниот инспекторат за труд треба превентивно да делува во насока на спречување на воведување на пракса за непочитување на штотуку донесени законски решенија од страна на одредени работодавачи се со цел да се спречи идно непочитување од страна на се поголем број на работодавачи, а со тоа да се создаде правна несигурност, а се руши концептот недела ден за неделен одмор и не се обезбедува правото на работниците“, се наведува во соопштението на ССМ.

Стопанската комора ги оспори законските измени во врска со работата во недела

„Ден на неделен одмор е недела“ – текстот на новите измени на ЗРО

Државниот инспекторат за труд во врска со новите измени на Законот за работните односи

Измените на Законот за трговија со европско знаменце на собраниска седница

Шахпаска за изгласаните измени на ЗРО за недела како ден за неделен одмор

ОРМ бара дополнување на листата на дејности кои имаат право да работат во недела

Со новиот Закон за работни односи се скратува времетраењето на договорите на определено време

КСС: Работничките права повторно се под манипулација

„Ден на неделен одмор е недела“ – Измените на ЗРО пред Комисијата за труд

Работна средба во Стопанската комора во врска со измените на ЗРО и подзаконските акти

МТСП: Нема простор за злоупотреби на правото недела да биде ден на неделен одмор

Утврдени измените на ЗРО, според МТСП за над 92 проценти од вработените недела ќе биде ден за неделен одмор

Шахпаска: Новиот Закон за работните односи ќе понуди модерни решенија

Целосно ново решение за мајчинското и родителското отсуство во измените на ЗРО

Дејности кои се исклучоци од одредбата „Недела е ден на неделен одмор“ во предлог-измените на ЗРО

Секој вработен кој користел отсуство поради боледување или породилен одмор има право да го искористи неискористениот годишен одмор

Измени на ЗРО за поголема заштита на правото на неделен одмор

Измените на Законот за работните односи пред собраниските комисии

Прекин на договорот за вработување кога работникот ќе наполни 64 години возраст, предлагаат група пратеници

Синдикатите објавија повеќе барања за законски измени во корист на работниците

Законот за работните односи се хармонизира со европското законодавство

За предизвиците пред кои се наоѓа системот на пензиското и инвалидското осигурување – проф. д-р Лазар Јовевски

Прва конференција на ЗТСП посветена на актуелните состојби во трудовото и социјалното право

Ќе се одржи конференција за состојбите во трудовото и социјалното право, во организација на ЗТСП

Новините во Законот за работните односи изгласани во Собранието на РМ

Јавна расправа за потребните измени на ЗРО: Да се гарантира заштитата на работничките во случаите на бременост и породилно отсуство

Зголемување на минималниот износ на плата за приправник од 40 % на 70 % се предлага во измените на ЗРО

ИЗМЕНИ НА ЗРО: Новини за договорот за вработување, годишниот одмор, исплатата на приправниците, пробната работа, испратнината

Се подготвуваат измени на Законот за работните односи

M.В