Најдобри практики за воспоставување на Адресен регистар
Агенцијата за катастар на недвижности одржа работилница со наслов: „Најдобри практики и научени лекции за воспоставување на Адресен регистар“. На работилницата присуствуваа претставници од општините од државата, кои ќе имаат голема улога во целиот процес на воспоставување на Адресниот регистар во нашата држава.
Воспоставувањето на Aдресниот регистaр значи воведување на единствен централизиран систем на адресни податоци, кој треба да овозможи управување и одржување на овие податоци од едно место во единствена база за сите засегнати страни, надлежни министерства, општини и други институции кои ќе имаат пристап и потреба од адресен податок.
Покрај поздравниот говор, директорот на АКН имаше и своја воведна презентација, по што следуваа презентациите и на претставниците од Норвешка и Холандија, земји кои имаат добро воспоставен и добро управуван адресен регистер, дефинирани јасни процедури и протоколи за работа помеѓу институциите и регистрите што го поддржуваат овој систем. Тие говореа за најдобрите меѓународни практики, а беа елаборирани и предизвиците поврзани со Адресниот регистар во Холандија.
Стратешкиот план на Катастарот за 2019 година ќе се реализира со годишна програма
Регионален проект за професионалниот пристап до информациите за земјиште
М.В