/ Прочитано:

1.923

Најмногу претставки за дискриминација врз основа на личен и општествен статус и од областа на работните односи

До Комисијата за заштита од дискриминација најмногу претставки граѓаните поднеле поради дискриминација врз основа на личен и општествен статус, а од вкупниот број на поднесени претставки најзастапени се оние од областа работа и работни односи.

Постапката пред Комисијата за заштита од дискриминација се покренува со поднесување претставка, која може да ја поднесе секое физичко или правно лице, или група на лица кои сметаат дека претрпеле дискриминација, како и организации кои се бават со заштита на човековите права или друго лице во име или со согласност на лица кои смета дека претрпеле дискриминација.

Во случај на дискриминација на група на луѓе, организацијата која се бави со заштита на човекови права може да поднесе претставка во свое име, без согласност на поединечни лица кои се припадници на дискриминираната група.

Во текот на 2018 година до Комисијата се доставени вкупно 132 претставки за дискриминација.  Најголем број претставки се поднесени од страна на физички лица, и тоа 84 претставки, односно 59,57%, и од правни лица 57 претставки, односно 40,43%.

„Треба да се има предвид дека жените се обраќаат почесто од мажите.  Оваа година 41 претставка се поднесени од мажи, односно 29,08%, 45 претставки се поднесени од жени, или 31,91%, и 55 претставки се поднесени од невладини организации, односно 39,01%“, се посочува во извештајот на Комисијата.

Најмногу претставки се поднесени поради дискриминација врз основа на личен и општествен статус – 25%, политичка припадност – 21,97%, здравствена состојба – 9,09%, пол – 9,09 %, припадност на маргинализирана група – 8,33%, етничка припадност – 7,58%, возраст – 6,06%, ментална или телесна попреченост – 3,79%, род – 3,03%, семејна или брачна состојба – 3,03%, религија или верско уверување – 2,27%, сексуална ориентација – 2,27% итн.

Во 11,36% од претставките подносителите немаат наведено основа на дискриминација, а во 3,79% од претставките подносителите како основа за дискриминација имаат наведено „друго“.

„Оваа година од вкупниот број на поднесени претставки најзастапена е областа работа и работни односи – 49,24%, потоа следуваат претставки поради дискриминација во областа на пристап до добра и услуги – 19,70%, правосудство и управа – 8,33%, во областа на образование, наука и спорт – 6,82%, социјалната сигурност – 3,79%, јавно информирање и медиуми – 2,27%, домување – 0,76%, не е наведена област на дискриминација – 3,79% и други области определени со закон – 6,82%“, се нотира во извештајот.

Во текот на 2018 година Комисијата за заштита од дискриминација донела 119 мислења, од кои во 19 случаи утврдила дискриминација и на дискриминаторите им дала препорака за отстранување на дискриминацијата, а во 78 претставки е утврдено дека нема дискриминација. Комисијата во 19 претставки не повела постапка, а во 3 случаи ја запрела постапката.

„Во текот на 2018 година, од вкупниот број на предмети со утврдена дискриминација и дадена препорака за отстранување, за жал, само 9 дискриминатори го исполнија членот 28 став 3 од Законот за спречување и заштита од дискриминација, односно ја известија Комисијата дека ја отстраниле дискриминацијата“, се додава во извештајот на Комисијата за заштита од дискриминација.

Скопски ресторан упати јавно извинување за дискриминацијата врз девојка која носела хиџаб

Комисијата за заштита од дискриминација за првпат утврди дискриминација по спроведено тестирање на ситуација

Претседателот Иванов не го потпиша Законот за спречување и заштита од дискриминација

Тужбата за заштита од дискриминација од јавен интерес (actio popularis) во новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

За тужбата со која се иницира судска постапка како actio popularis

Потребни се законски измени за доследно користење на actio popularis во случаите на дискриминација

Зелено светло за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

Законот за спречување и заштита од дискриминација ќе се носи со европско знаменце

Граѓанските организации бараат итно донесување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Граѓански организации бараат итно усвојување на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Законот за антидискриминација се соочува со опструкции во Собранието, реагираат од Мрежата за заштита од дискриминација

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација во собраниска процедура

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација презентиран во МТСП

Новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација прифатен во владина процедура

Објавен текстот на Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација

Во подготовка Законот за спречување и заштита од дискриминација чиј текст ќе биде усогласен со меѓународните стандарди

Јавна дебата за новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација

М.В