/ Прочитано:

5.821

НАЈНОВИ ПРЕСУДИ НА СТРАЗБУР ПРЕВЕДЕНИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК: Втор Билтен посветен на судската практика на ЕСЧП

Бирото за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права го објави вториот Билтен посветен на судската практика на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) кој се издава во соработка со Бирото за застапување на Македонија пред ЕСЧП и Германската фондација за меѓународна правна соработка (ИРЗ).

evropski-sud-za-chovekovi-prava-strazbur-evropski-sud-za-covekovi-prava-strazbur-e1391420079204.jpg

Целта на Билтенот e унапредување на почитувањето на човековите права и нивната заштита во Република Македонија, како и приближување на стразбуршкото право и практиката на ЕСЧП кон судството во РМ и нивна примена од страна на националните судови.

Публикацијата ги содржи најновите клучни пресуди на Судот во Стразбур, преведени на македонски јазик, кои, како што образложуваат од Бирото, се особено релевантни за  македонските судии, адвокати и обвинители. Публикацијата излегува на секои 6 месеци и се дистрибуира до сите судии и обвинители во државава.

Во вториот Билтен посветен на судската практика на Европскиот суд за човекови права објавени се поновите пресуди на Европскиот суд за човекови права, и тоа за случаите: Хелал (Helhal) против Франција, Идентоба и други (Identoba and Others) против Грузија, Мехдијев (Mehdiyev) против Азербејџан, Галардо Санчез (Gallardo Sanchez) против Италија, Бочан (Bochan) против Украина, Заводник (Zavodnik) против Словенија, Волков и Адамскиј (Volkov and Adamskiy) против Русија, Капетаниос и други (Kapetanios and Others) против Грција, Ролена (Rohlena) против Република Чешка, Џугашвили (Dzhugashvili) против Русија, Aпосту (Apostu) против Романија, Пенчеви (Penchevi) против Бугарија, Драгојевиќ (Dragojević) против Хрватска, Фухс (Fuchs) против Германија, Делфи АС (Delfi AS) против Естонија, Гусева (Guseva) против Бугарија, Морис (Morice) против Франција, Купингер (Kuppinger) против Германија, С. Л. (S. L.) и Ј. Л. (J. L.) против Хрватска, Нешков (Neshkov) и други против Бугарија,  Разаков (Razzakov) против Русија и др.

Исто така, објави се и пресудите против Република Македонија, за случаите: Илиевска против Република Македонија, Николова против Република Македонија, Ефтимов против Република Македонија, Андоновски против Република Македонија, Андоноски против Република Македонија, Миткова против Република, Хајрулаху против Република Македонија и  Аслани против Република Македонија. >>>Билтенот во целост 

M.В.