/ Прочитано:

1.766

Најранлива категорија во семејното насилство и понатаму се жените, се нотира во полугодишниот извештај на МВР

Во првото полугодие од 2017 година од областа  на семејното насилство, поднесени се кривични пријави за вкупно 384 сторители, се посочува во полугодишниот статистички извештај на Министерството за внатрешни работи, објавен денеска.

94% од сторителите на кривичното дело се мажи, а во најчест случај извршителот на семејното насилство е сопруг и тоа дури во 161 од случаите, син во 84 од случаите  и  татко во 21 од случаите на пријавено семејно насилство.

Најранлива категорија во семејното насилство и понатаму, дури во 75%, се жените, а покрај нив жртви на семејно насилство се и родителите и децата. Според начинот на извршување, најзастапено е физичкото насилство, дури во 323 од случаите, 17 случаи на физичко насилство со ладно оружје и во еден случај со употреба на огнено оружје.

При семејно насилство, на жртвите во  58% од случаите им се нанесени телесни повреди, а во 39% од случаите се работи за кривично дело загрозување на сигурноста.

„Најчесто семејните насилства се извршени во состојби на растројство и тоа во 164 од случаите .Во дадениов период е регистрирано едно убиство на сопруга и два обида за убиство“, посочуваат од МВР.

М.В