/ Прочитано:

1.659

Намален бројот на магистри, а зголемен бројот на доктори на наука од кои повеќето се жени

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017 година, звањето магистер на науки и специјалист го стекнале вкупно 1.977 лица од кои 1.851 или 93,6 % се магистри и 126 или 6,4 % се специјалисти. Бројот на магистри и специјалисти, во споредба со 2016 годинa, е намален за 2,2 %.

Учеството на жените магистри во вкупниот број на лица кои стекнале научен степен магистер на науки, во 2017 година изнесува 58,5 %.

Во 2017 година, најголем број од магистерските трудови, 1.167 или 63,0 %, се од областа на општествените науки, 21,6 % се од областа на техничко-технолошките науки, а останатите се од областа на хуманистичките, природно-математичките, биотехничките и медицинските науки.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2017 година, звањето доктор на науки го стекнале 209 лица, што претставува зголемување за 6,1 % во споредба со 2016 година.

Најголем број од лицата докторирале во областа на општествените науки, 47,8 %, потоа на медицинските науки, 22 %, следат хуманистичките науки со 11,5 %, а останатите лица докторирале во областа на техничко-технолошките науки, природно-математичките науки и биотехничките науки.

Бројот на жените што одбраниле докторска дисертација во текот на 2017 година изнесува 123 кандидати, што претставува 58,9 % од вкупниот број лица што докторирале во 2017 година. Од вкупниот број докторирани лица, најголем процент, 31,6 %, својата професија ја вршат во образовната дејност.

М.В