/ Прочитано:

638

Намален бројот на запишани и на дипломирани студенти

Запишани студенти на високите стручни школи и факултетите во Република Северна Македонија во академската 2020/2021 година (прв циклус на студии)

Според податоците на Државниот завод за статистика, добиени врз основа на пристигнатите извештаи, во Република Северна Македонија, во академската 2020/2021 година се запишани вкупно 50 881 студент, што претставува намалување за 1,7 % во однос на академската 2019/2020 година.

Бројот на запишани студентки изнесува 29 482 или 57,9 %.

Најголем број студенти (83,8 %) се запишани на државните високообразовни установи, додека 15,5 % се запишани на приватните високообразовни установи.

Прва година на студии, во академската 2020/2021 година, запишале 12 365 студенти или 24,3 % (тука се опфатени и студентите што запишуваат прва година по втор, трет и повеќепати).

Број на дипломирани студенти во 2020 година

Според податоците на Државниот завод за статистика добиени од пристигнатите извештаи, бројот на дипломираните студенти на додипломски студии на високите стручни школи и на факултетите во Република Северна Македонија, во 2020 година во споредба со 2019 година, е намален за 12,3 %.

Од вкупниот број дипломирани студенти, 81,9 % се редовни, а 18,1 % се вонредни студенти.

Процентот на дипломирани студентки изнесува 59,5 %.

Од вкупниот број студенти, 37 % дипломирале во рокот, додека 63 % дипломирале по рокот.

М.В