/ Прочитано:

1.493

НАМЕСТО ДА ГО ШТИТИ, УСТАВНИОТ СУД ГО ПОВРЕДИ УСТАВОТ – Уставните судии кои не гласаа за укинување на измените на Законот за помилување

„Уставниот суд со донесената одлука не само што креира норма, туку навлегува во уставните овластувања на законодавецот за донесување на закони, со што излегува надвор од своите уставно утврдени надлежности. Уставниот суд, кој е најповикан да го заштити Уставот, со оваа одлука самиот го повредува, со што се доведува во прашање владеењето на правото“, велат во своите издвоени мислења судиите Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Сали Мурати и Гзиме Старова, кои не се согласија со мнозинството судии на Уставниот суд за укинување на измените на Законот за помилување.

akad 4

Д-р Наташа Габер-Дамјановска, Сали Мурати, Исмаил Дарлишта и д-р Гзиме Старова

Уставниот суд со мнозинство гласови го укина Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување. Според Одлуката, мнозинството судии смета дека оспорениот, а сега укинатиот Закон за изменување и дополнување на Законот за помилување, содржи одредби што ја повредуваат темелната вредност на уставниот поредок – поделба на државната власт на законодавна, извршна и судска, ја ограничуваат надлежноста на Претседателот на Република Македонија за давање на помилување, го повредуваат уставното право на еднаквост на граѓаните и без да постои уставна основа уредуваат прашања што се однесуваат на организацијата и работата на Претседателот на Републиката како орган.

Судиите Наташа Габер-Дамјановска, Исмаил Дарлишта, Сали Мурати и Гзиме Старова не се согласуваат со ваквата одлука на мнозинството уставни судии. Овие судии во заедничкото издвоено мислење истакнуваат дека со оваа Одлука Уставниот суд директно го повредува начелото на поделба на власта.

„Уставниот суд со донесената одлука не само што креира норма, туку навлегува во уставните овластувања на законодавецот за донесување закони, со што излегува надвор од своите уставно утврдени надлежности. Уставниот суд, кој е најповикан да го заштити Уставот, со оваа одлука самиот го повредува, со што се доведува во прашање владеењето на правото“, истакнуваат судиите.

Судиите ја оценуваат Одлуката како апсурдна и противуставна и сметаат дека со неа се создава можност за враќање на термини кои веќе не постојат во македонскиот правен поредок.

akad 4

Тие додаваат дека со интервенцијата за укинување на членот 10 од Законот за изменување и дополнување на Законот за помилување се враќа во примена членот 11 од Законот за помилување, кој уредува дека Претседателот на Републиката по исклучок може да дава помилување и без спроведување на постапка за помилување пропишана со овој закон кога тоа е од интерес за Републиката, или кога посебни околности што се однесуваат на личноста и на кривичното дело укажуваат дека е тоа оправдано.

Преку укинувањето на измените на Законот, додаваат судиите, овој член повторно се враќа во сила, а тој овозможува Претседателот да помилува определено лице без воопшто да се спроведе законски пропишана постапка во случај тој да смета дека е оправдано.

„Со оваа Одлука Уставниот суд директно го повредува начелото на поделба на власта од членот 8 став 1 алинеја 4, проширувајќи ги ингеренциите на Претседателот кои се утврдени со Устав и со закон. Законодавецот има право да го уреди ова прашање по свое наоѓање што го црпи од членот 68 став 1 алинеја 2 и членот 84 став 1 алинеја 9 од Уставот. Уставниот суд со донесената одлука не само што креира норма, туку навлегува во уставните овластувања на законодавецот за донесување закони, со што излегува надвор од своите уставно утврдени надлежности. Уставниот суд, кој е најповикан да го заштити Уставот, со оваа одлука самиот го повредува, со што се доведува во прашање владеењето на правото“, истакнуваат судиите.

>>>Одлукатa на Уставниот суд и издвоените мислења на уставните судии во целост 

„Уставниот суд да не се става во улога на законодавец, туку да го штити начелото на поделба на власта“– ИГОР СПИРОВСКИ, адвокат и поранешен уставен судија

Под аргументот „еднаквост на граѓаните“ некој станува „поеднаков“ од другите – адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска за одлуката Уставниот суд

М.В