/ Прочитано:

3.801

Наместо осум, рокот за жалба да биде петнаесет дена – предложени измени на Законот за прекршоците

Група пратеници во Собранието предложија измени на  Законот за прекршоци. Со Законот за прекршоци се определуваат општите услови за пропишување на прекршоците и прекршочните санкции, општите услови за утврдување на прекршочната одговорност, за изрекувањето и извршувањето на прекршочните санкции и се пропишува прекршочната постапка што ја водат судовите и  прекршочните органи.

Предложените измени се однесуваат на членот 126 од Законот за прекршоци во кој се уредува жалбената постапка, односно поднесувањето на жалбата пред надлежниот второстепен суд.

„Со Предлог-законот за изменување на Законот за прекршоци се предлага продолжување на рокот за поднесување на жалба од постојните осум дена на петнаесет дена од денот на приемот на одлуката. Измените на законот се предлагаат затоа што постојат тешкотии во негова примена во практика, а на штета на странката. Со оглед на тоа што постапката пред органите на државната управа и судовите се води согласно со Законот за општата управна постапка, доаѓа до неусогласеност на формалниот закон со Законот за прекршоци како lex-specialis, односно како материјален закон“, се вели во законското образложение.

М.В