/ Прочитано:

2.553

Наместо во Законот за акцизи, оданочувањето на патничките автомобили  ќе биде уредено во посебен закон за оданочување на моторни возила

„Во новиот Предлог-закон за акцизите патничките автомобили не се предмет на оданочување и истите ќе бидат уредени со нов посебен закон за оданочување на моторни возила“, се вели во законското образложение на Законот за акцизите кој го поднесе Владата во Собранието на РМ.

Имајќи ја предвид потребата од усогласување со акцизното законодавство на Европската Унија и со најдобрите практики од земјите, се вели во законското образложение, се изготви нов Предлог-закон за акцизите, кој е во најголем дел усогласен со европското законодавство од областа на акцизите.

Новиот Закон за акцизите со европско знаменце пред пратениците

Објавен текстот на новиот Предлог-закон за акцизите

Министерството за финансии подготвува нов Закон за акцизите

М.В