/ Прочитано:

3.179

Народен правобранител: Претставки од граѓани на кои им се повредени правата во однос на одредувањето на износот на пензијата

За да се решат случаите на овие граѓани, а најверојатно нивниот број не е конечен, како што вели заменик-народниот правобранител, на разговор во Канцеларијата на Народниот правобранител биле повикани сите надлежни институции за да се направи детална анализа. Во дискусиите учествувале претставници од двете приватни пензиски друштва, претставници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и од Агенција за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС). Нивниот заклучок е дека се оштетени сите осигуреници кои пристапиле кон приватните пензиски фондови, а кои при потпишувањето на договорите имале од 10 до 15 години до пензионирање.

Пензионери

Точно 314 граѓани, кои го оствариле правото на пензија или многу скоро треба да го остварат, се оштетени. За ова алармираше Канцеларијата на Народниот правобранител, соопштувајќи дека кај нив се пристигнати три претставки од граѓани кои наведуваат дека им се повредени правата во однос на одредувањето на износот на пензијата. Васка Бајрамовска-Мустафа, заменик-народен правобранител, ги потенцираше деталите од претставките на граѓаните кои се обратиле до нив, нагласувајќи дека тоа се лица кои во периодот на потпишувањето на договорите за пензиско осигурување со едно од двете приватни пензиски друштва (НЛБ Нов пензиски фонд и КБ-прво пензиско друштво) имале од 10 до 15 години до престанување на работниот стаж, односно до пензионирање.

„До Народниот правобранител досега се пристигнати три претставки од кои утврдивме дека се работи за неможност граѓаните да остварат достојна пензија. Имено, граѓаните останале шокирани од сознанието дека пензиите ќе им бидат далеку пониски од пресметките и процените што ги направиле самите врз основа на внесување на податоците во калкулаторот што е поставен на официјалната интернет-страница на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Во првата претставка, граѓанинот си ја пресметал основицата која, според неговиот работен стаж и просечната плата што ја земал во текот на работниот век, изнесувала 77 илјади денари, а од неа 60 отсто требало да му изнесува пензијата, но останал вчудовиден кога добил решение од ПИОМ дека има право на пензија од само 14 илјади денари бидејќи бил член на приватно пензиско друштво. Во случајот од втората претставка имаме исто така значително намалување на износот на пензијата, а кога граѓанинот се обидел да добие одговор зошто е тоа така, дознал дека е зачленет во друг пензиски фонд. Иако му бил доставен договорот за пристапување кон приватно пензиско друштво, граѓанинот тврди дека станува збор за фалсификуван потпис. Во случајот со третата претставка, граѓанинот вели дека доброволно потпишал договор со приватен пензиски фонд, но кога го потпишувал договорот во ниту еден момент не му било укажано од страна на агентот дека нема да биде исплатливо за него да преминува во приватно пензиско друштво, со оглед на неговите години и работниот стаж. Сите тројца граѓани сега водат судски постапки“, потенцираше Бајрамовска-Мустафа.

За да се решат случаите на овие граѓани, а најверојатно нивниот број не е конечен, како што вели заменик-народниот правобранител, на разговор во Канцеларијата на Народниот правобранител биле повикани сите надлежни институции за да се направи детална анализа. Во дискусиите учествувале претставници од двете приватни пензиски друштва, претставници од Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и од Агенција за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување (МАПАС). Нивниот заклучок е дека се оштетени сите осигуреници кои пристапиле кон приватните пензиски фондови, а кои при потпишувањето на договорите имале од 10 до 15 години до пензионирање.

„За настанатиот проблем знаат и надлежните во Министерството за труд и социјална политика и тие веќе формирале комисија што работи на изнаоѓање на решение за случајот. Инаку, и двете приватни пензиски друштва, МАПАС и Фондот за пензиско и инвалидско осигурување се согласни дека треба да се измени законската регулатива што го уредува ова прашање, односно да се направат измени во Законот за пензиско и инвалидско осигурување, во Законот за задолжително капитално пензиско осигурување, како и во Законот за исплата на пензии од капитално финансирање. Со измените ќе ѝ се даде можност на оваа група граѓани кои се веќе оштетени да бараат раскинување на договорот со приватните пензиски друштва и повторно враќање во ПИОМ со префрлување на досега уплатените средства. МАПАС предлага измените да се однесуваат на граѓаните кои при потпишувањето на договорот за членство во приватен пензиски фонд имале 38 години, односно биле родени пред или во 1967 година, на граѓаните кои имале најмалку 5 години работен стаж и на граѓаните чие прво вработување било во 2003 година“, истакна Бајрамовска-Мустафа.

А. Б.