/ Прочитано:

977

Народната банка да ги користи услугите на Централниот регистар без плаќање  надоместок

Група пратеници во Собранието поднесоа  измени на Законот за Централниот регистар. Основната цел на овој закон е да ѝ се овозможи на Народната банка на Република Северна Македонија да ги користи услугите на Централниот регистар без плаќање на надоместок.

„Со цел непречено остварување на законски определената цел на Народната банка на Република Северна Македонија кон одржување стабилен, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем, истата има потреба од добивање на податоци од Централниот регистар на Република Северна Македонија по повеќе основи. За таа цел, на годишно ниво Народната банка треба да издвои средства во износ од околу 4.000.000,00 денари. Со измената на Законот, Народната банка на Република Северна Македонија се иззема од обврската за плаќање на надоместок за услугите на Централниот регистар, со што ќе се овозможи непречено остварување на законски определената цел на Народната банка“, се вели во законското образложение.

М.В