/ Прочитано:

731

Народната банка го објави редовното статистичко соопштение за монетарните движења

 

„Паричната маса (монетарниот агрегат М3) продолжи да расте, при што во ноември годишниот раст достигна 7,7%. Годишната промена е условена од растот кај сите компоненти.

Кај вкупните депозити е остварен раст од 0,3% на месечна основа, којшто во поголем дел се должи на зголемувањето кај депозитите на секторот “домаќинства”, при поумерено зголемување и кај депозитите на корпоративниот сектор. На годишна основа, депозитниот раст изнесува 9,3% и е резултат на зголемувањето на депозитите на двата сектора, со поизразен придонес на депозитите на секторот „домаќинства“;

Вкупните кредити, остварија раст од 1,0% на месечна основа, кој се должи на зголеменото кредитирање на двата сектора, при малку поголем придонес на корпоративниот сектор. На годишна основа, стапката на кредитен раст изнесува 6,4% и во поголем дел произлегува од растот на кредитите одобрени на секторот „домаќинства““, се вели во соопштението на Народната банка.

М.В