/ Прочитано:

809

Народната банка со редовно соопштение за монетарните движења

Народната банка го објави редовното соопштение за монетарните движења за месец јули 2019 година.

Во јули, велат од Народната банка, вкупните депозити продолжија да растат и остварија годишно зголемување од 10%, во услови на раст на депозитите и на корпоративниот сектор и на домаќинствата.

На годишна основа, кредитната активност забележа раст од 6,8%, како резултат на кредитирањето и на домаќинствата и на компаниите.

Забавувањето на годишната динамика на кредитниот раст е одраз на отписите коишто банките ги остварија во согласност со измените во регулаторниот третман на сомнителните и на спорните побарувања.

Доколку се изостави ефектот од овие отписи, вкупниот годишен раст на кредитната активност изнесува 8,2%.

>>Соопштението во целост