/ Прочитано:

880

По повод Меѓународниот ден на мигрантите

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ: Флагрантно кршење на правата на мигрантите

Народниот правобранител по повод 18 декември Меѓународниот ден на мигрантите укажува дека надлежните институции во Македонија не успеале да се справат со бегалската криза на начин кој го предвидуваат сите меѓународни конвенции, но и домашната легислатива, поради што констатира голем број на прекршување на правата на мигрантите.

epa04942170 A migrant clutches to a fence as they are waiting for a permission to move towards the train station at a refugee camp near Gevgelija, The Former Yugoslav Republic of Macedonia, 21 September 2015. The main migration route across the Balkans - from Turkey, across Greece, Macedonia and Serbia - previously led to Hungary. But after Hungary sealed its borders, migrants began taking an alternative route to Western Europe via Croatia, the EU's newest member. EPA/NAKE BATEV

Народниот правобранител истакнува дека утврдил нехумани услови во Центарот „Винојуг„-Гевгелија и тоа во сите сегменти, почнувајќи од прифатот на мигрантите,  нивната регистрација, условите за престој особено сега во зимските услови,  храната, здравствената заштита, како и третманот на ранливите категории децата, жените и инвалидизираните лица. Народниот правобранител констатира директна дискриминација при наплатата на билетите за теранспорт на мигрантите и прекршување на Женевската конвенцијата за статусот на бегалците.

„Ништо подобри не се ни условите во Транзитниот центар „Табановце“ каде посебно загрижува состојбата со транспортот на ранливите групи, кои заради лошата организација и координација  оставени се  да пешачат по  диви калливи патеки, иако на само неколку метри од нив се наоѓа регуларниот граничен премин. Со загриженост констатираме дека во Македонија се врши дискриминација на мигрантите преку нивна селекција, на оние кои доаѓаат од кризните жаришта и на оние кои доаѓаат од други земји, што е надвор од сите пропишани меѓународни и домашни документи. Она што е уште позагружувачки е дека тоа се прави без никаква процедура, со што на овие лица . Нехумани, понижувачки  се и услови за престој и во Центарот за странци Гази Баба. Она што уште повеќе го загрижува Народниот правобранител е инертноста на институциите кон ова прашање, од причина што овие услови траат во континуитет и ништо не се презема за нивно надминување. Само за потсетување, Народниот правобранител во јули годинава  веќе алармираше за лошата состојба во овој Центар, каде со денови се држеа околу 500 лица. Сликата деновиве тука е речиси идентична, со што  повторно директно се прекршуваат правата на овие лица“, вели Народниот правобранител.

Народниот правобранител апелира до надлежните институции под инто да преземат  мерки со цел  исполнување на сите меѓународни стандарди за прифат, сместување и транспорт на мигрантите. Ниту една држава во светот нема право да не ги почитува утврдените  стандарди за правата на мигрантите.