/ Прочитано:

1.773

Народниот правобранител во врска со предмети за адвокатите

Како и претходната извештајна година, и оваа година подносителите бараа заштита од Народниот правобранител во однос на работата на адвокатите како носители на јавни овластувања, се вели во извештајот на Народниот правобранител.

„Во овие претставки се изнесуваа забелешки за работата на адвокатите поради ненавремено добивање на информации за предметите кои ги водат, за недостапност на адвокатите, за високите трошоци, за неоснована наплата на трошоци и сл.

Притоа, имаше и предмети кога подносителите укажуваа дека повеќе од година немаат информации од адвокатот за иницираната постапка.

Во таа насока е случајот кога подносителите немаа добиено информација од адвокатот за постапката која се водела пред Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) и тоа повеќе од 2 години, ниту пак можеле да стапат во контакт со него.

Народниот правобранител се обрати до адвокатот заради добивање на информации за постапката и констатира дека тој е иселен од земјата, па поради тоа подносителите не можат да стапат во контакт со него и да ги добијат бараните информации во врска со предметот.

По овие информации Народниот правобранител ја продолжи постапката пред Министерството за правда, односно Биро за застапување на РСМ пред ЕСЧП за да се прибават потребните информации за постапката, дали е поднесена апликација пред ЕСЧП од страна на адвокатот и доколку е поднесена во која фаза се наоѓа постапката по истата.

Во поглед на наводите за високите трошоци, Народниот правобранител констатира дека тие се неосновани од причина што истите се пропишани и се во согласност со Адвокатската тарифа, при што граѓаните беа советувани за можноста да ги искористат бенефитите од Законот за бесплатна правна помош“, се вели во извештајот.

Во делот на судството, граѓаните кај Народниот правобранител најмногу се жалеле за одложувањето на рочиштата

М.В