/ Прочитано:

1.410

Народниот правобранител за притворените пратеници: Приведувањето е незаконско, а мерката притвор – злоупотребена

„При приведувањето на тројцата пратеници, на 28 ноември 2017 година повредено e правото на пратенички имунитет и начелото на пресумпција на невиност поради непочитување на Правилникот за начинотнавршење на полициски работи од страна на полицијата“, истакна на денешната прес-конференција народниот правобранител, Иџет Мемети.

„Неспорна е констатацијата дека во случајот е постапено спротивно на членот 19 од Правилникот за начинот на вршење на полициски работи, според кој ‘доколку лицето кое се приведува се повика на статусот имунитет, полицискиот службеник по проверка на веродостојноста на таквиот статус ќе го прекине приведувањето и за тоа веднаш ќе го извести непосредниот раководен полициски службеник.’ Доставена е и  препорака до министерот за внатрешни работи, со која се бара да спроведе целосна постапка за испитување на начинот на постапувањето на полициските службеници на 28 ноември 2017 година, да утврди одговорност и да се санкционираат прекршителите на правата на пратениците“, истакна правобранителот,  нагласувајќи дека е потребно да се постави и прашањето зошто судот издал наредба за приведување и претрес на лица кои уживаат имунитет, без претходно да им биде одземен имунитетот.

Народниот правобранител Иџет Мемети посочи и дека судиите на претходна постапка ја злоупотребиле мерката притвор и ја употребиле како казна за пратениците осомничени за настаните во Собранието.

Констатираните состојби, информираше народниот правобранител, се од постапувањето по добиена претставка од страна на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“.

M.В